Панелисти беа: Харун Ибрахими, Сашо Ордановски, Мигена Горенца и Исмаил Синани, а по презентацијата учествуваа и студентите од одделот за Меѓународна комуникација и членовите на Феминистичкиот клуб од Студентското собрание.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети во своето воведно излагање истакна дека слободата на медиумите е од фундаментално значење за функционирањето на демократското општество.
„Слободата на медиумите не е само реторика, туку претставува и влијание што медиумите го имаат во демократските општества. Со моќни медиуми обезбедуваме институционална функционалност “, рече ректорот Беџети.
Доц. д-р Демуш Бајрами, продекан на Факултетот за јазици, култури и комуникација, зборуваше за важноста на слободата на медиумите и забележа дека со одбележувањето на овој ден во присуство на вакви познати новинари, даваме дополнителна вредност за важност на овој ден.
Општото мислење беше дека во Северна Македонија има подобрувања, но слободата на медиумите сé уште е проблематична и дека медиумите се независни, но со филтрирање.