Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Добредојдовте назад во својот Алма Матер - УЈИЕ

УЈИЕ го враќа „мозокот“подготвен во своите амфитеатри, кој се развивал во најпрестижните универзитети во светот. Поранешниот студент од нашиот Универзитет, д-р Менан Селими се враќа во УЈИЕ сега не како студент, туку како вистински истражувач.

Неговата академска кариера започнува во Универзитетот на Југоисточна Европа, каде што ги завршил своите додипломски студии (Компјутерски науки и технологии) и со проектот Erasmus Mundus Master Fellowship продолжува со постдипломски студии на Универзитетот Сапиенца во Рим.

Неговата континуирана работа и посветеност во академските сфери му овозможија да ги заврши своите докторски студии со почести на Политехничкиот универзитет Каталонија во Барселона и Вишиот технички институт во Лисабон.

Првите постдокторските студии ги завршуваа на Универзитетот во Кембриџ, во развивање и спроведување на проектот H2020 (2017-2018). Неговата патека за учење не запира таму. Д-р Менан Селими продолжува постдокторски студии на Политехничкиот универзитет во Каталонија.

Неговиот опсег на знаење не останува само теоретски. Тој има долгогодишно искуство како истражувач и асистент на светски познати универзитети и институти, како што се: Политехничкиот универзитет во Каталонија, Лабораторијата за истражување на Аммб, Универзитетот Кембриџ, Институтот Макс Планк.

Неговите трудови и истражувања се објавуваат на конференции и меѓународно признати научни списанија.

Неговите излагања се присутни на бројни научни настани, меѓу кои се истакнуваат:

  • Information - Centric Edge Computing Platform: Facebook HQ, 2018, San Francisco, USA
  • Towards Blockchain-enabled Wireless Mesh Networks: MobiSys CryBlock, 2018, Munich, Germany
  • PiCasso: Edge Platform for Mesh Networks: RIFE Progress Meeting, 2018, Zurich, Switzerland
  • Practical Service Placement Approach for Microservices Architecture: ACM CCGrid, 2017, Madrid, Spain
  • Bandwidth-aware Service Placement in Community Micro-Clouds: IEEE LCN, 2016, Dubai, UAE

Д-р Менан Селими е добитник на многу награди, како што се:

  • Honorary Mention Award: ”The future of the Internet” Hackathon competition, Barcelona, Spain, 2019
  • Best Paper Award: ACM MobiSys CryBlock Workshop, Munich, Germany, 2018

Неговата биографија е одраз на научната основа поставена од неговиот матичен универзитет, на кој по една деценија се враќа понатамошно да придонесе.

Google+