Покрај студентите од УЈИЕ, многумина членови на Универзитетот и членовите на реномираната музичка група од Тетово - Елита 5 се приклучија на акцијата. На настанот присуствуваа ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. Проф.д-р Абдулменаф Беџети, кој рече дека Универзитетот секогаш ќе ги поддржува таквите иницијативи кои нè поттикнуваат сите да бидеме свесни за важноста од заштитата на животната средина.
„Целта на оваа акција е да се подигне свеста на граѓаните на Тетово, за почиста околина, ако не можеме да направиме нешто големо, барем не треба да загадуваме. Нашиот универзитет со такви активности започна многу порано и ова е дел од стратегијата, која за таа цел го одобри и спроведе Климатскиот акционен план “рече ректорот Беџети.
„Ние секогаш ќе ги поддржуваме таквите иницијативи за градот и му честитаме на Студентскиот парламент на УЈИЕ и за општествената одговорност што ја покажуваат“, рече Ариф Зибери - вокал на музичката група „Елита 5“.
Универзитетот на Југоисточна Европа директно учествува и е иницијатор на многу еколошки акции на локално и на национално ниво.
