Најнови информации
-
Ректорот Алајдин Абази го посети Универзитетот „Паварсиа“ во Валона
1 април 2010
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, академик Алајдин Абази во петок ( 26 март 2010) го посети Универзитеот „Паварсиа“ во Валона. Ректорот Абази и ректорот на Универзитетот „Паварсиа“ проф. д-р Арта Мусарај со своите меѓусебни посети во Валона и во Тетово дадоа нова димензија на реципрочната соработка и притоа давајќи му значење на академската и научната соработка во ниво на двете универзитети. -
Студентите од Прваниот факултет на конференција за изборните листи
26 март 2010Педесет студенти од прва година од Правниот факултет на ЈИЕУ под водство на доц. д-р Јетон Шасивари, во рамките на предметот од насоката Уставно право, на 23 март 2010 година учествуваа на научната конференција на тема: “Застапување и одговорност – отворени, или затворени листи на кандидатите“ организиран од Националниот Институт за Демократија.
-
Универзитетот на ЈИЕ ќе изгради кампус во Скопје
23 март 2010 Деновиве и официјално е соопштено од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија дека во Скопје е обезбедено градежното земјиште за изградба на кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа, во површина од 21.335 м2. -
Заедничка конференција за средното образование
22 март 2010
„Средното образование и предизвиците на високото образование“ беше темата на конференцијата, која се одржа во ЈИЕУ во петок (19.03.2010) со претставниците на ЈИЕУ и директорите од неколку средни училишта во Македонија. -
Започна реализацијата на ЕКО – Кампусот
18 март 2010Универзитетот на Југоисточна Европа и италијанската компанија „Д’Аполониа“ во четврток (16 март 2010 година) потпишаа договор за реализација на проектот, кој ќе овозможи изградба на кампусот кој ќе генерира нулта емисија на јаглен диоксидот. Проектот е прв од ваков вид во Балканот и пошироко во земјите од Југоисточна Европа.
-
Предавање на словенскиот амбасадор како до зачленување во ЕУ
18 март 2010 “Како до зачленување во ЕУ- процесот на преговори, словенското искуство“ беше темата на предавањето на амбасадорот на Словенија во Македонија, Алан Бергант, кое се одржа во понеделник (15 март 2010 година) во ЈИЕУ. -
Меѓународна публикација на м-р Веланд Рамадани: "Бизнис ангели - кои се навистина тие?"
15 март 2010"Бизнис-ангели, кои се навистина тие?"(“Business Angels-Who They Really Are”), е најновата научна публикација на м-р Веланд Рамадани, асистент на Факултетот за бизнис администрација на Универзитетот на ЈИЕ. Овој документ е објавен во меѓународното списание на издавачот со светско реноме John Wiley and Sons (Strategic Change: Brifings in Entrepreneurial Finance, John Wiley & Sons Ltd., Chichester, UK, Vol. 18, Issue 7/8, p. 249-258, ISSN: 1086-1718).
-
Ass. Prof. Dr. Brikena Xhaferi has been appointed a Member of the Advisory Board of the International Journal, “Revista de Lengua para Fines Específicos”
12 март 2010Ass. Prof. Dr. Brikena Xhaferi has been appointed a Member of the Advisory Board of the International Journal, “Revista de Lengua para Fines Específicos” (LFE).
-
Д-р Фарингтон и г.Мемеди на состанок на АЕУ во Виена
12 март 2010Д-р Денис Фарингтон, претседател на Одборот на Универзитетот и г. Џеваир Мемеди, МБА, Генерален секретар учествуваа на состанокот на АЕУ(Асоцијација на Европските Универзитети), со кој се одбележа завршувањето на првата фаза од Процесот на Болоња и издавањето на најновите “ Трендови ” - Извештај за високото образование во Европа.
-
Уште една меѓународна публикација на проф. д-р Абдулменаф Беџети на Универзитетот Бамберг-Германија
10 март 2010"Мерки за борба против кризата во Република Македонија и нивните ефекти - Дали се тие доволни?" (“Anti-Crisis Measures in Republic of Macedonia and their effects - Are they Sufficient?”), е најновата научна публикација на проректорот на ЈИЕУ, проф. д-р Абдулменаф Беџети, објавена во меѓународното списание на Универзитетот Бамберг, Германија (BERG Working Paper Series on Government and Growth of University Bamberg-Germany. Working Paper No.70, March 2010.)
-
Проф. д-р Муртезан Исмаили и проф. д-р Јонуз Абдулаи на Регионалната конференција на тема “Промоција на моделите на работа кои придонесуваат кон градење на младинската политика во регионот”
6 март 2010Регионалната конференција на тема “Промоција на моделите на работа кои придонесуваат кон градење на младинската политика во регионот” се одржа во салата на Советот на Град Скопје, на 02 и 03 март 2010 година, организирана од Центарот за неформално образование “Триаголник”, во соработка со Град Скопје.
-
Бесплатно тестирање за ИЕЛТС
23 февруари 2010Центарот за јазици го објавува првото бесплатно тестирање за ИЕЛТС (меѓународно призната диплома за англиски јазик) на 10.03.2010 година во 10 часот (среда) во зградата на Центарот за јазици, 1001.04.
-
Институт за животна средина и здравје учествуваше на IPM Темпус IV - во Италија
18 февруари 2010
Претставници од Институтот за животна средина и здравје на ЈИЕУ, во рамките на ИПМ Темпус IV учествуваa на првиот координативен состанок кој се одржа во Рим и Бари во Италија од 02-07 февруари 2010 година.
-
Проф. д-р Замир Дика на Меѓународната конференција за компјутерско инженерство и апликации (CEA'10), во Универзитетот Харвард
8 февруари 2010Проф. д-р Замир Дика, проректор за академски прашања на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, учествуваше на Меѓународната конференција за компјутерско инженерство и апликации (CEA'10), одржана на 27-29 јануари на Универзитетот Харвард, Кембриџ - САД, во рамките на Академијата и на Здружението на научници и инженери во светот (World Scientific and Engineering Academy and Society – WSEAS).
-
Излезе од печат книгата на доц. д-р Абдула Азизи: ,,Европска унија - право, институции и политики”
5 февруари 2010Деновиве, во издание на Факултетот за јавна администрација и политички науки на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, излезе од печат универзитетската книга на доц. д-р Абдула Азизи насловена: ,,Европска унија - право, институции и политики”.
-
Се објави Статрегискиот план на Универзитетот за 2009-2012
4 февруари 2010 -
Арбен Хајра ја бранеше магистратурата на Факултетот за современи науки и технологии
2 февруари 2010 Во Факултетот за современи науки и технологии на Универзитетот на Југоисточна Европа за прв пат беше реализирана одбрана на магистратура со употреба на технологијата од дистанца за аудиовизуелна комуникација со менторот на кандидатот од Турција и учесниците на јавната одбрана. -
Кадарот од Институтот за животна средина и здравје на ЈИЕУ учествуваше на обука во Марибор, Словенија
29 јануари 2010Кадарот од Институтот за животна средина и здравје (ИЖСЗ) на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ), учествуваше на програма за обука во рамките на Седмата рамковна програма- ФП7- Еуро Урхис 2. Обуката се организираше во Марибор, Словенија од 19-23 јануари 2010 година.Студентите во посета на Комисијата и Европскиот парламент во Брисел
28 јануари 2010Во рамките на традиционалната активност, група студенти предводена од страна на доц. д-р Илбер Села, од 17 до 22 јануари, реализираше неколкудневна посета во Комисијата и Европскиот парламент во Брисел. Студентите беа во можност поблиску да се запознаат со работата на институциите на ЕУ во целина, и особено со Европската Комисија.
„Исламско банкарство и исламски банкарски модели- препораки за развој на исламското банкарство во Европа” е темата на која магистрираше Сабина Идризи
25 јануари 2010 Сабина Идризи (на 21 јануари 2010 год.), на Факултетот за Бизнис Администрација при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, пред комисијата во состав: проф. д-р Мирољуб Шукаров, проф. д-р Абдулменаф Беџети, и проф. д-р Изет Зеќири ја одбрани магистерска теза на тема: „Исламско банкарство и исламските банкарски модели - препораки за развој на исламското банкарство во Европа”.