„Задоволството на вработените: Фактор кој влијае врз изведбата на компаниите од Полошкиот регион“ е најновата книга од авторите проф. д-р Изет Зеќири, м-р Брикенд Азири и м-р Јетон Мазлами професори од Факултетот за бизнис и економија на ЈИЕУ. Оваа книга е објавена од познатата светска издавачка куќа Lambert Academic Publishing од Германија (book ISBN: 978-3-8383-9710-8).
Книгата е резултат на истражувачкиот проект со ист наслов кој се разви од авторите а се финансираше од Фондот за поддршка на научните истражувања во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Целта на проектот не беше само реализација на анкетата за мерење на нивото на задоволството на вработените во компаниите во Полошкиот регион туку и одредување дали главните теоретски пристапи можат да се применат и во овој регион.
Заклучоците и препораките наведени на крајот од оваа книга произлегуваат од емпириските резултати реализирани во над 155 компании од разни сектори во Полошкиот регион. За потребите на овој проект анкетирани се околу 2.000 вработени . Резултатите од проектот се базирани на научни истражувања и пракса и можат слободно да се употребуваат од раководителите на бизнис организациите за зголемување на изведбата на нивните компании.
Објавена е книгата „Задоволството на вработените: Фактор кој влијае врз изведбата на компаниите од Полошкиот регион“
27 септември 2010Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics