
Од 31 август, 2010 година Хедер Хеншоу ја зазема позицијата извршен советник за изведба и квалитет. На оваа позиција таа е одговорна за развој, мониторинг и евалуација на политиките и процедурите од областа на човечките ресурси кои имаат влијание врз развојот на кадарот како што се вработувањето, академското унапредување, професионалниот развој и индивидуалниот менаџмент со кадарот.
Позицијата на ниво на институцијата има за цел да ги имплементира, зајакне и евалуира идентификуваните иницијативи и процеси за квалитет и да ја промовира севкупната култура за квалитет кои на академскиот и на административниот кадар му овозможуваат да биде високо компетентен, професионален, само- мотивиран и добро почитуван. Вработениот на ова работно место ќе соработува за да го промовира квалитетот на универзитетот внатрешно и надворешно и ќе ги евалуира и шири новите трендови и најдобри пракси во менаџирањето со ЧР и квалитетот.