Најнови информации
-
Поранешниот студент од ЈИЕУ награден од Универзитетот Даларна од Шведска
26 април 2010ЈИЕУ продолжува да ја потврдува својата репутација како лидер во регионот за понуда на квалитетно образование и со успехот на своите поранешни студенти кои го продолжуваат образованието или ја градат својата кариера во нај престижните меѓународни универзитети. Конкретен случај за ова е и поранешниот студент на ЈИЕУ од Куаманово Мевудин Мемеди, кој ја доби наградата „Најдобра магистерска тема за 2009 година“ од Универзитетот Далрана во Борланге Шведска.
-
Доц. д-р Беким Фетаји – рецензент во две меѓународни списанија ACM Journal of Computer and Software Engineering и IEEE Transactions on Software Engineering
26 април 2010Доц. д-р Беким Фетаји, декан на Факултетот за современи науки и технологии на ЈИЕУ по две години успешна соработка од оваа година е ангажиран како рецензент на истражувачките трудови во научните списанија ACM Journal of Computer and Software Engineering и IEEE Transactions on Software Engineering, кои се издаваат од двете реномирани асоцијации во светот: ACM (Association of Computing Machinery) и IEEE (Institute of Electrical and Electronics Engineers).
-
ЈИЕУ во ,,Неделата на книгата 2010”
26 април 2010Во рамките на „Светскиот ден на книгата“, Институтот за социологија, во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот „Марин Барлети“ од Тирана и издавачката куќа „ Дудај“ од 19 до 24 април 2010 година во Тирана ја организираа „Неделата на книгата 2010”.
-
Научниот труд на проф. д-р Изет Зеќири е издаден во MPRA книгата од Универзитетската библиотека на Минхен
20 април 2010Професорите од ЈИЕУ со своите научни трудови се повеќе се присутни во разни меѓународни изданија. Трудот “Теоретски преглед на интеракциите помеѓу претприемништвото и стратегискиот менаџмент” на проф. д-р е издаден во MPRA книгата од Универзитетската библиотека на Минхен, Германија ( со идентификациски код 21943 на 12.04.2010).
-
Успешно заврши меѓународната конференција на ЈИЕУ посветена на изучувањето на англискиот јазик
19 април 2010На 9ти, 10ти и 11ти април Универзитетот на Југоисточна Европа имаше чест да биде домаќин на меѓународната академска конференција, Од предавање до учење во наставата по англиски јазик. Конференцијата, која беше заеднички организирана од Јазичниот центар и Катедрата за англиски јазик, собра на едно место 68 презентери од целиот свет.
-
Излезе од печат книгата "Економија на претприемништвото " на д-р. Неџби Весели
6 април 2010
Проф. д-р Неџби Весели, предавач на Факултетот за бизнис администрација, повторно ја издаде својата книга "Економија на претприемништвото". Оваа книга е организирана во седум поглавја, и тоа: Научен развој на економијата на претприемништвото; Претпријатие, претприемништвото и деловност; Средства на претприемништвото; Функции на претприемништвото; Теорија на расходи; Деловна ефикасност на претприемништвото и Деловниот резултат на компанијата. -
Ректорот Алајдин Абази го посети Универзитетот „Паварсиа“ во Валона
1 април 2010
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, академик Алајдин Абази во петок ( 26 март 2010) го посети Универзитеот „Паварсиа“ во Валона. Ректорот Абази и ректорот на Универзитетот „Паварсиа“ проф. д-р Арта Мусарај со своите меѓусебни посети во Валона и во Тетово дадоа нова димензија на реципрочната соработка и притоа давајќи му значење на академската и научната соработка во ниво на двете универзитети. -
Студентите од Прваниот факултет на конференција за изборните листи
26 март 2010Педесет студенти од прва година од Правниот факултет на ЈИЕУ под водство на доц. д-р Јетон Шасивари, во рамките на предметот од насоката Уставно право, на 23 март 2010 година учествуваа на научната конференција на тема: “Застапување и одговорност – отворени, или затворени листи на кандидатите“ организиран од Националниот Институт за Демократија.
-
Универзитетот на ЈИЕ ќе изгради кампус во Скопје
23 март 2010 Деновиве и официјално е соопштено од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија дека во Скопје е обезбедено градежното земјиште за изградба на кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа, во површина од 21.335 м2. -
Заедничка конференција за средното образование
22 март 2010
„Средното образование и предизвиците на високото образование“ беше темата на конференцијата, која се одржа во ЈИЕУ во петок (19.03.2010) со претставниците на ЈИЕУ и директорите од неколку средни училишта во Македонија. -
Започна реализацијата на ЕКО – Кампусот
18 март 2010Универзитетот на Југоисточна Европа и италијанската компанија „Д’Аполониа“ во четврток (16 март 2010 година) потпишаа договор за реализација на проектот, кој ќе овозможи изградба на кампусот кој ќе генерира нулта емисија на јаглен диоксидот. Проектот е прв од ваков вид во Балканот и пошироко во земјите од Југоисточна Европа.
-
Предавање на словенскиот амбасадор како до зачленување во ЕУ
18 март 2010 “Како до зачленување во ЕУ- процесот на преговори, словенското искуство“ беше темата на предавањето на амбасадорот на Словенија во Македонија, Алан Бергант, кое се одржа во понеделник (15 март 2010 година) во ЈИЕУ. -
Меѓународна публикација на м-р Веланд Рамадани: "Бизнис ангели - кои се навистина тие?"
15 март 2010"Бизнис-ангели, кои се навистина тие?"(“Business Angels-Who They Really Are”), е најновата научна публикација на м-р Веланд Рамадани, асистент на Факултетот за бизнис администрација на Универзитетот на ЈИЕ. Овој документ е објавен во меѓународното списание на издавачот со светско реноме John Wiley and Sons (Strategic Change: Brifings in Entrepreneurial Finance, John Wiley & Sons Ltd., Chichester, UK, Vol. 18, Issue 7/8, p. 249-258, ISSN: 1086-1718).
-
Ass. Prof. Dr. Brikena Xhaferi has been appointed a Member of the Advisory Board of the International Journal, “Revista de Lengua para Fines Específicos”
12 март 2010Ass. Prof. Dr. Brikena Xhaferi has been appointed a Member of the Advisory Board of the International Journal, “Revista de Lengua para Fines Específicos” (LFE).
-
Д-р Фарингтон и г.Мемеди на состанок на АЕУ во Виена
12 март 2010Д-р Денис Фарингтон, претседател на Одборот на Универзитетот и г. Џеваир Мемеди, МБА, Генерален секретар учествуваа на состанокот на АЕУ(Асоцијација на Европските Универзитети), со кој се одбележа завршувањето на првата фаза од Процесот на Болоња и издавањето на најновите “ Трендови ” - Извештај за високото образование во Европа.
-
Уште една меѓународна публикација на проф. д-р Абдулменаф Беџети на Универзитетот Бамберг-Германија
10 март 2010"Мерки за борба против кризата во Република Македонија и нивните ефекти - Дали се тие доволни?" (“Anti-Crisis Measures in Republic of Macedonia and their effects - Are they Sufficient?”), е најновата научна публикација на проректорот на ЈИЕУ, проф. д-р Абдулменаф Беџети, објавена во меѓународното списание на Универзитетот Бамберг, Германија (BERG Working Paper Series on Government and Growth of University Bamberg-Germany. Working Paper No.70, March 2010.)
-
Проф. д-р Муртезан Исмаили и проф. д-р Јонуз Абдулаи на Регионалната конференција на тема “Промоција на моделите на работа кои придонесуваат кон градење на младинската политика во регионот”
6 март 2010Регионалната конференција на тема “Промоција на моделите на работа кои придонесуваат кон градење на младинската политика во регионот” се одржа во салата на Советот на Град Скопје, на 02 и 03 март 2010 година, организирана од Центарот за неформално образование “Триаголник”, во соработка со Град Скопје.
-
Бесплатно тестирање за ИЕЛТС
23 февруари 2010Центарот за јазици го објавува првото бесплатно тестирање за ИЕЛТС (меѓународно призната диплома за англиски јазик) на 10.03.2010 година во 10 часот (среда) во зградата на Центарот за јазици, 1001.04.
-
Институт за животна средина и здравје учествуваше на IPM Темпус IV - во Италија
18 февруари 2010
Претставници од Институтот за животна средина и здравје на ЈИЕУ, во рамките на ИПМ Темпус IV учествуваa на првиот координативен состанок кој се одржа во Рим и Бари во Италија од 02-07 февруари 2010 година.