Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере во посета на ЈИЕУ

Амбасадорот на ЕУ во Македонија , Ерван Фуере, во четврток (20 мај 2010 година) одржа предавање пред студентите на ЈИЕУ на тема - Сиромаштијата и социјалното исклучување, бидејќи оваа година е прогласена за „Европска година на борба против сиромаштијата и социјалното исклучување“.

Проректорот за финансии и физички развој на ЈИЕУ, проф. д-р Абдулменаф Беџети, рече дека Универзитетот, студентите и кадарот ја имаат честа  г. Ерван Фуере  да го сподели неговото искуство, импресиите и пораките за борбата против сиромаштијата бидејќи Македонија го има истиот проблем со големата стапка на невработеност и сиромаштија. Проректорот Беџети го спомена случајот со Ирска, која важи за успешен пример за економскиот развој и тоа главно благодарение на странските инвестиции.

Амбасадорот Фуере, рече дека целта на оваа посета е да се дебатира со студентите во врска со сиромаштијата и за начинот  како да се  создадат нови работни места. Тој рече дека ова предавање е добра можност да се сретнеме со студентите и да размениме мислења за тоа како европската заедница може да и помогне на Македонија во оваа насока.

„Почестени сме со тоа што ЈИЕУ прифати да биде домаќин на предавањето, кое се одржува во рамките на активностите за одбележување на Неделата на Европа и е многу значајно за нас за да се соочиме со сите проблеми на сите европски држави со цел намалување на невработеноста и социјалното исклучување како феномени кои постојат во нашите општества. Интензивно дискутираме со владите, лидерите на економските унии, бизнис заедницата, бидејќи само преку партнерството може да се гарантира успехот во насока на намалување на невработеноста и социјалното исклучување“ рече меѓу другото амбасадорот Фуере.

 

Google+