Чешкиот претседател, Клаус прво се сретна со менаџментот на ЈИЕУ и имаа разговори за можностите за взаемна соработка. Во рамките на чешката делегација беа и голема група бизнисмени кои имаа можност да се запознаат со капацитетите и понудата на ЈИЕУ.
Ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази го запозна чешкиот претседател со работата на универзитетот, наставниот процес, просторните услови и можностите кои ги нуди овој универзитет за развој на академската кариера во САД и Европа.
Претседателот на Чешка, Вацлав Клаус, кој беше придружуван од првата дама, рече дека е импресиониран од она што видел и слушал за ЈИЕУ и порача и во иднина наставниот процес и учењето да бидат основи за развојот на оваа институција.
По повод посетата на ЈИЕУ, ректорот Алајдин Абази на чешкиот претседател му врачи признание и симболичен подарок на првата дама.