COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Заменик – министерот за надворешни работи на Албанија во ЈИЕУ за перспективите на евроатланските интеграции на Западниот Балкан

„Перспективите на евроатланските интеграции на Западниот Балкан“ беше темата на трибината која се одржа во ЈИЕУ, на која учествуваше и заменик-министерот за надворешни работи на Албанија, Едит Харџи. Трибината ја отвори новиот ректор на ЈИЕУ, проф. др. Замир Дика и ова беше прв негов говор по изборот за ректор. Тој рече дека прашањето на евро - интеграциите на Западен Балкан треба да ги преокупира и институциите за високо образование, бидејќи тие можат да помогнат во процесот на приклучувањето во ЕУ.

Заменик-министерот за надворешни работи на Албанија, Едит Харџи, рече дека земјите од Западен Балкан треба што е можно побргу да ги решат меѓусебните спорови и да се интегрираат во евроатланските структури. Во врска со проблемите кои ги има Македонија со Грција, заменик-министерот Харџи, рече дека придонесот кој го дава Албанија за Македонија како земја сосед.

„Нема ниту еден меѓународен форум или организација на која Албанија не го покренува прашањето за перспективите на евро-атлантските интеграции на регионот. Ова прашање е клучно за стабилизација и развој на мирот во Балканот. Едно од овие прашања е и зачленувањето на Македонија во НАТО“, рече министерката Харџи. На прашањето за ангажираноста на албанската држава за Албанците во Македонија, заменик-министерот Едит Харџи рече дека Албанија во оваа насока е многу ангажирана. „ Ако не беше така нема да присуствував и јас на оваа трибина. Но, чувствувам дека ангажирањето е многу големо, нашите срца се секогаш со вас”.

„Албанија секогаш го прави невозможното за да ги промовира прекрасните демократски вредности поврзани со Охридскиот Договор, неговото имплементирање како апсолутна гаранција за мирот и стабилноста во регионов“, рече Харџи.

Трибината беше организирана од Институтот за демократија и развој во рамките на активностите на школото за демократија и лидерство. Оваа програма преку обуки ги збира на едно место младите лидери на политичките партии.

 

Google+