Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се промовираше книгата „Спецификите на малиот бизнис“

„Спецификите на малиот бизнис“ е насловот на книгата, која се промовираше во четврток (31 мај 2010 година) во Факултетот за бизнис администрација во ЈИЕУ. Издавањето на книгата е како резултат на заедничкиот ангажман на доц. д-р Вељанд Рамадани и неколку студенти и претставува една симбиоза на теоретските познавања од областа на малите бизниси и на емпириските податоци. За потребите на книгата анкетирани се околу 120 мали бизниси, кои својата активност ја развиваат во разни градови и тоа Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга.

Проректорот за финансии и физички развој на ЈИЕУ, проф. д-р Абдулменаф Беџети рече дека „студентите ќе имаат можност да се запознаат со новитетите, новиот начин на размислување, бидејќи новите идеи доаѓаат од младите умови“. Тој рече дека важен аспект на книгата е фактот дека таа претставува солиден водич за бизнисот, односно нашите претприемачи и е посебен атрибут бидејќи на студентите за прв пат им се овозможува заедно со нивните професори да бидат коавтори на книга.

Уредникот на книгата доц. д-р. Вељанд Рамадани рече дека „менаџирањето на малите бизниси е многу комплексна активност“. Тој рече, дека целта на книгата е на читателите да им овозможи пореална слика за малите бизниси, предностите  и слабостите,  како и предизвиците и проблемите кои произлегуваат од поседувањето и менаџирањето на еден мал бизнис, начините на организирање, напорите за соочување со конкуренцијата, идентификацијата и пронаоѓањето на излез во врска со елиминирањето на  ризичните ситуации.

Освен доц. д-р Вељанд Рамадани, како автори на книгата се и студентите: Алмир Адили, Арта Максути, Атиџе Ајдини, Блерта Рамадани, Блерта Џелеши, Флорета Беџети, Хана Демири, Мајлинда Чороли, Нафи Рустеми, Нора Салихи, Сиандра Хасани и Шкурта Имери.

Google+