Ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази, во оваа прилика рече дека е важно за следната деценија на универзитетот да се слушнат нови идеи и визијата на кандидатите. "Сето ова што е изнесено пред нас денес треба да е во интерес на успешната патека на оваа уникатна институција на високо образование во Македонија и регионот", истакна ректорот Абази.

" />

">

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Кандидатите за ректори на ЈИЕУ пред Сенатот ги претставија своите програми

На вчерашниот состанок, во свечена атмосфера, четворицата кандидати за ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа, пред членовите на Сенатот ги претставија своите програми за работа.

Ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази, во оваа прилика рече дека е важно за следната деценија на универзитетот да се слушнат нови идеи и визијата на кандидатите. "Сето ова што е изнесено пред нас денес треба да е во интерес на успешната патека на оваа уникатна институција на високо образование во Македонија и регионот", истакна ректорот Абази.

Во согласност со одлуката на Извршниот комитет, на седницата одржана на 13 март 2010 година, нивните изборни програми, пред Сенатот ги претставија сите кандидати, кои веќе се во трка за ректор (по азбучен ред): проф. д-р Абдулменаф Беџети, проф. д-р Агни Дика, проф. д-р Муртезан Исмаили и проф. д-р Замир Дика.

Од членовите на Сенатот можеа да се слушнат коментари, анализи, сугестии и конструктивни прашања поставени на кандидатите. Според Статутот на Универзитетот, Сенатот не одлучува за избор на нов ректор, но за новиот ректор одлучува Одборот (Бордот) на Универзитетот, на еден посебен состанок во почетокот на јуни, со тајно гласање. Ректорот на Универзитетот на ЈИЕ ќе биде избран со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на одборот и процедурата ќе биде спроведена во согласност со Статутот на Универзитетот.

Треба да се нагласи дека ректорот е главниот извршен менаџер на Универзитетот и истиот поднесува извештаи до Одборот кој се состои од меѓународни и локални членови. Конкурсот за нов ректор на Универзитетот беше отворен до 26 февруари оваа година, предност им се даде на  кандидатите  кои ги знаат јазиците што се користат на ниво на Универзитетот (албанскиот, македонскиот и англискиот).

Google+