ЈИЕУ студија на случај за управувањето и развојот на европското високо образование
20 мај 2010
Во новата книга ,,Управување и развој на високото образование – Прирачник за менаџерите” во едиција на Џероен Хуисман и Атила Пауститс, издадена во рамките на програмата за доживотно учење на ЕУ, вклучено е едно поглавје подготвено од Академик Алајдин Абази, ректор на ЈИЕУ со Џероен Хуисман од Универзитетот во Бат (ВБ) и д-р Денис Фарингтон - ,,Глобализација, интернационализација и регионализација” .
Во поглавјето во кое е опишан развојот на управувањето и менџирањето со ЈИЕУ од 2001, универзитетот се употребува како единствена институционална студија на случај во книгата во која се истражува проектот на ЈИЕУ низ ,,објективите на глокалната агенција” За проектот кој е дел од книгата ќе се создаде магистерска програма по Управување и развој на високото образование која ќе се основа во Универзитетот Кремс во Австрија. Книгата е издадена од Ваксман (Минхен и Њујорк), ISBN 978-3-8309-2286-5.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics