Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Министерот Џељаљ Бајрами се сретна со студентите од ЈИЕУ

Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, во просториите на министерството за труд и социјална политика,оствари средба со студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа - Факултетот за јавна администрација и политички науки од студиската програма Социјална работа и социјална поплитка. Студентите одблиску се запознаа со структурата, организациската поставеност како и функционирањето на Министерството за труд и социјална политика во Република Македонија.

Министерот Бајрами, изрази особено задоволство за заинтересираноста на студентите коишто се одлучиле да студираат на една од најчувствителните и најодговорните насоки и истовремено ги охрабри во иднина свесно да ги извршуваат своите задачи.

            На средбата освен министерот и студентите, учествуваа и државниот советник за социјална заштита при министерството за труд и социјална политика, Ардијан Муча и доц. д-р Илбер Села од Факултетот за јавна администрација и политички науки на ЈИЕУ.

Google+