Министерот за надворешни работи на Бугарија, Никола Младенов: ЈИЕУ ја симболизира претставата за тоа како треба да изгледа Балканот во иднина
7 мај 2010
„Универзитетот на Југоисточна Европа ја симболизира претставата како треба да изгледа Балканот во иднина“, ова го рече министерот за надворешни работи на Бугарија, Никола Младенов во своето предавање пред студентите на овој Универзитет, кое го одржа на 6 мај 2010 година ( четврток).
Министерот Младенов, претходно имаше кратка средба со ректорот на ЈИЕУ, академик Алјдин Абази, на која дискутираа за взаемната соработка. Ректорот Абази, рече дека целта на овој универзитет е регионалната соработка и во оваа насока постојат многу области во кои имаме заеднички интерес. Министерот Младенов во своето предавање зборуваше за перспективите на земјите на Балканот кон евроатланските интеграции.
„Ова е моја втора посета во Тетово. Прв пат дојдов тука во ’94 -’95 година, време исполнето со разни тензии. Можам да забележам дека тука во многу работи има значително подобрување“, рече Младенов.
Пред одржувањето на предавањето во главниот хол на Факултетот за бизнис администрација министерот Младенов свечено ја отвори изложбата со фотографии на фотографот Александар Михаилов со наслов „Традиции“ на која беа прикажани колоритните обичаи на бугарската култура. На фотографиите се овековечени моменти од церемониите одржани на ридските подрачја покрај брегот на Црното Море изведени од државјани на Бугарија од различно етничко и религиозно потекло: христијани, муслимани, Турци и Роми.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics