Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ и ДУТ потпишаа договор за соработка

Универзитетот на Југоисточна Европа и Државниот Универзитет во Тетово во среда ( 26 мај 2010 година) потпишаа договор за соработка во области од взаемен интерес.

Договорот беше потпишан од страна на ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази и ректорот на ДУТ, проф. д-р Агрон Река.

Двата универзитета, освен другото, се договорија да соработуваат во областа на размена на професорите ( со посебен договор), да организираат и спроведуваат заеднички истражувачки проекти, да разменат информации и резултати од истражувањата. Тие се договорија за соработка помеѓу студентите и студентските унии во академските, културните и спортските активности.

„Потпишувањето на овој договор е голем чекор не само за нашите универзитети, но и за високото образование на албански јазик во Република Македонија”, изјави после потпишувањето на договорот ректорот Алајдин Абази.

Ректорот на ДУТ, проф. д-р Агрон Река, рече дека со овој договор ќе се регулираат повеќе аспекти на взаемната соработка на двата наши универзитети првенствено во унапредувањето на условите за учење и понудата за студирање и работа за нашите  професори и студенти.

 

Google+