Исто така, во просториите на факултетот, конзорциумот ALMA LAUREA, основан во 1994 година, ја презентираа нивната работа, кој во најголема мера се грижи за можностите за кариера на студенти на Универзитетот во Болоња, овозможувајќи воспоставување линк помеѓу дипломираните студенти и претпријатијата, судовите и другите јавни институции. Подоцна, во Брисел, студентите ја посетија и мисијата на РМ во ЕУ, каде што студентите и вработените беа пречекани од страна на амбасадорот Блерим Река. Истовремено тие ги посетија Европскиот парламент и белгискиот парламент (Домот на Сенатот), каде што имаа можност да ја слушнат презентацијата на претставниците за организацијата, структурата, начинот на работа и постапките во овие две институции, особено парламентарната практика на користењето на службените јазици во двата дома на белгискиот парламент.
На крајот, тие го посетија и Правниот факултет во Љубљана, каде што одговорните ги запознаа гостите со студиските програми и модулите на курсевите, мастер и докторските студии, библиотека и салите за предавања и практична настава. Студиската посети се оцени како успешна, заради придонесот за проширување на Европските хоризонти на знаење кај студентите и професорите на Правниот факултет на ЈИЕУ.