Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Албулена Халили учествуваше на меѓународната конференција со наслов „ Западен Балкан: можност или предизвик за иднината на Европската Унија?“

Албулена Халили учествуваше на меѓународната конференција со наслов „ Западен Балкан: можност или предизвик за иднината на Европската Унија?“, која се одржа од 26-27 јуни 2010 година во Приштина, Косово. Конференцијата  беше во организација наКосовскиот центар за јавни политики.

Таа го презентираше научниот труд со наслов „Нерешени проблеми кои ги спречуваат евроатланските интеграции: случајот на Западен Балкан“ , со коавтор Фатмир Арифи. Трудот беше избран заедно со 25 други трудови од вкупно 108 трудови кои беа доставени до конференцијата. На конференцијата учествуваа познати личности од академијата и политиката: проф. Џејмс Петифер од Академијата за одбрана на Велика Британија, д-р Конрад Клевинг од Институтот по студии за Југоисточна Европа, Регенсбур, Германија, д-р Фин Лаурсен од Универзитетот Далхоус од Канада, Паскал Мило, Скендер Хисени, како и претставници од регионот и пошироко. Научните трудови ќе се објават во журналот од Кембриџ (Western Balkans Policy Review).

 

Google+