" /> ">

COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Д-р Илбер Села учествуваше на меѓународната конференција со наслов „Западен Балкан: можност или предизвик за иднината на Европската Унија?“ „

Политиката на Европската Унија во Западен Балкан“, беше темата на научниот труд кој авторот д-р Илбер Села и коавторот Лирим Шабани го презентираа на меѓународната конференција со наслов „Западен Балкан: можност или предизвик за иднината на Европската Унија?“, која се одржа на 26-27 јуни 2010 година во Приштина.

Конференцијата беше во организација на Косовскиот центар за јавни политики.Трудот беше избран заедно со 25 други трудови од вкупно 108 трудови кои беа доставени до конференцијата На конференцијата учествуваа познати личности од академијата и политиката: проф. Џејмс Петифер од Академијата за одбрана на Велика Британија, д-р Конрад Клевинг од Институтот по студии за Југоисточна Европа, Регенсбур, Германија, д-р Фин Лаурсен од Универзитетот Далхоус од Канада, Паскал Мило, Скендер Хисени, и др.Научните трудови ќе се објават во журналот од Кембриџ (Western Balkans Policy Review).

Исто така, д-р Илбер Села од 1-8 јули во Тирана учествуваше како предавач на Летната меѓународна школа со наслов „Албанија - Раководството на одржлив развој кон предизвици на ЕУ“ организирана од Универзитетот „Марин Барлети“ и Универзитетската мрежа на ЦЕИ.

За време на престојот во Тирана тој учествуваше и на регионалната конференција со наслов „Може ли Албанија да се трансформира во модел за одржлив развој?“на која се претстави со научниот труд „ Регионалните политики и пошироката соработка како средство за обезбедување одржлив развој на Балканот“

 

Google+