Во ЈИЕУ со пригодна церемонија во понеделник (20 септември 2010 година) започна новата академска 2010/2011 година. На првиот „академски час“ добредојде на новите студенти им посака ректорот проф. д-р Замир Дика, кој рече дека овој ден е посебен не само за студентите туку и за Универзитетот. „За време на студиите ако вие имате проблеми тогаш главниот виновник сум јас“ рече Дика. Тој им гарантираше на студентите дека Универзитетот ја нуди најдобрата методологија за студирање, најдобрите професори, најмодерната инфраструктура во регионов и дека „кај нас студентот е во центарот на вниманието“.
„Ние знаеме како да ве искалиме да бидете најдобри. Од вас бараме да бидете добри студенти, ревносни, редовни, заинтересирани, заинтригирани, да прашувате, критички да размислувате и активно да учествувате во наставата. Ако заедно ги „одиграме“ одговорно улогите, ви гарантирам дека од овој амфитеатар ќе излезат умни лидери, успешни менаџери, најдобри професионалци, и, пред сè, достојни граѓани на новата Европа базирана на знаење“ рече ректорот Дика.
Во името на Канцеларијата на Provost добредојде им посака проф. д-р Пол Фостер.
„Да се биде студент значи да се има одредени права и одговорности. Ние, административниот и академскиот кадар ветуваме дека на прво место ќе бидат вашите интереси и дека ќе ви понудиме квалитетни сервиси и академски програми Вие од друга страна, мора да ни ветите дека ќе бидете искрени, свесни и трудољубиви студенти- редовно ќе ги посетувате часовите, активно ќе учествувате на предавањата и над се ќе бидете отворени кон светот на нови знаења и идеи“, рече проректорот Пол Фостер. Претседателот на Студентската Унија на ЈИЕУ, Пајтим Тачи им рече на студентите дека тој и унијата која ја претставува ќе бидат тие кои ќе ги бранат нивните интереси.
„Со тоа што сте го избрале ЈИЕУ како ваш универзитет за студирање сте го направиле најдобриот избор“, рече Пајтим Тачи.
После завршувањето на првиот „академски час“ во рамките на „Ориентациониот ден“ студентите реализираа состаноци со претставниците на соодветните факултети од кои добиваа подетални информации за студиските програми, за начинот на организирање на студиите, за методологијата на студирање,за начинот на оценување, како и за инфраструктурата и правилата за студирање.