„ Интегрирањето во ЕУ како инструмент за стабилност и сигурност“ беше темата на дебатата која се одржа во ЈИЕУ во петок ( 24 септември 2010 година) во организација на  Фондацијата институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО)." /> „ Интегрирањето во ЕУ како инструмент за стабилност и сигурност“ беше темата на дебатата која се одржа во ЈИЕУ во петок ( 24 септември 2010 година) во организација на  Фондацијата институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО).">

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Дебата во ЈИЕУ за стабилноста на Европа

„ Интегрирањето во ЕУ како инструмент за стабилност и сигурност“ беше темата на дебатата која се одржа во ЈИЕУ во петок ( 24 септември 2010 година) во организација на  Фондацијата институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО).

На дебатата учествуваше амбасадорот на Грција во Македонија, Александра Пападополу, заменик амбасадорот на Словенија, Алешка Совинц, проректорот за истражување на ЈИЕУ и поранешен амбасадор на Македонија во ЕУ, проф. д-р Блерим Река и претставникот на Институтот за мировни студии во Столкхолм.

Заедничкиот став на учесниците на оваа дебата беше дека Балканот повеќе не претставува закана за стабилноста на Европа.

Проректорот за истражување и промоција на ЈИЕУ и поранешен амбасадор на Македонија во ЕУ, проф. д-р Блерим Река, рече дека земјите од Западен Балкан треба да изградат една стабилизаторна стратегија за регионот додека пак ЕУ треба да биде проактивна во насока на интегрирањето на Западен Балкан. 

„Главна тема би требало да биде како да се европеизира Западен Балкан за да не дојде до балканизација на ЕУ“, рече Река. Во врска со прашањето на името тој рече дека ова е многу важно прашање за надворешната политика, но исто така важно прашање за Македонија треба да биде и внатрешната стабилност на Македонија. Внатрешната стабилност зависи од меѓуетничките односи во земјава.

„Заедно со прашањето за името треба да се инвестира и во целосното имплементирање на  Охридскиот Договор како политичка рамка или како нова филозофија на функционирање на мултиетничко општество“, рече Река.

Амбасадорот на Грција во Македонија Александра Пападополу рече дека се согласува со ставот дека Западен Балкан не претставува закана за стабилноста на Европа и во оваа насока постои можност сите земји од  регионов да се вклучат  кон ЕУ.

Претставникот на Амбасадата на Словенија во Македонија, Алешка Совинц рече дека нејзината земја го подржува интегрирањето на регионов во ЕУ и дека овие земји треба да градат политика на добрососедски односи.

Претставникот на  Институтот за мировни студии во Столкхолм, Ѓунила Херолф рече дека земјите од Западен Балкан мора да бидат членки на ЕУ, но сите треба да се трудат да направат повеќе, бидејќи процесот на реформи не е доволно брз. 
Google+