Информација за печат: Проф. д-р Пол Фостер е избран за Provost на Универзитетот - виш проректор (заменик-претседател) за академски прашања
31 август 2010
На 30 август 2010 година Извршниот комитет на Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) го именуваше проф. д-р Пол Фостер за Provost на Универзитетот - виш проректор (заменик-претседател) за академски прашања. Фостер ќе биде втор по ранг административен службеник на ЈИЕУ и ќе ги надгледува академските програми и сите аспекти на предавање и научење во кампусите во Тетово и во Скопје. Тој ќе раководи со работата на сите пет факултети како и на истражувачките центри, со понудите за студии од дистанца, со библиотеката и со центарот за кариера.
Фостер има докторатура по филологија од Универзитетот од Колумбија и е специјалист по балкански и источноевропски јазици и култури. Тој бил академски кадар и администратор на неколку универзитети, до неодамна на Универзитетот во Индијана. ЈИЕУ е прв приватен универзитет во Македонија, основан со поддршка на Соединетите Американски Држави и Европските влади во 2001 година. Со повеќе од 7,000 студенти и капацитети од светска класа, Универзитетот е лидер на иновациите во високото образование во регионов.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics