На 30 август 2010 година Извршниот комитет на Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) го именуваше амбасадорот проф. д-р Блерим Река проректор за истражувања и промоција.
Проф.д-р Река ќе раководи со истражувањата во ЈИЕУ, со Комитетот за истражувања коj се состои од директорите на центрите за истражувања и ќе ги координира надворешните проекти поврзани со ЈИЕУ. Проф. д-р Река исто така ќе раководи и со научното списание на Универзитетот - SEEU Review.
Проф. др. Блерим Река беше амбасадор на Македонија во Европската Унија, Брисел, поранешен проректор за истражувања во ЈИЕУ, поранешен декан на Факултетот за јавна администрација на ЈИЕУ, професор по меѓународно право, по меѓународни односи и европско право во Приштинскиот Универзитет, ЈИЕУ и ДУТ. Тој бил визитинг професор – Фулбрајт во Универзитетот на Јужна Каролина, Лос Анџелес и на следниве универзитети: Универзитет во Грац, Универзитетот Пердју во Индијана , Универзитетот Гент, Американскиот институт за мир и др. Тој е учесник во многу истражувачки проекти во: Универзитетот Харвард (Kennedy School for Government), Универзитетот во Оксфорд и Колеџот Сент Антони. Автор е на 17 книги во овие области и на 60 научни студии печатени на англиски, на германски и на француски јазик.
Информација за печат: Проф. д-р Блерим Река е избран за проректор за истражувања и промоција
6 септември 2010Повеќе вести
- Состанок на Ректорот Беџети и претседателот на СПА, Адеми со Амбасадорот на Албанија, Н.Е. Денион Меидани
- Визитинг-професорите на УЈИЕ со докажана професионална репутација
- Се одржа регионална конференција за димензиите на јавниот менаџмент, политиките и администрацијата
- Ректорот Беџети учествува на Конференцијата за наука, образование и иновации во рамките на Берлинскиот процес
- Проф. Сем Вакнин е избран да предава како визитинг-професор на УЈИЕ
- Ректорска средба во Лисабон: чекор напред за проектот ChallengeEU
- Во УЈИЕ започна новата академска година: Воведна средба со бруцошите