Најново меѓународно издание на книгата ,,Директен маркетинг и мал бизнис“ од авторите д-р Неџби Весели, д-р Вељанд Рамадани и м-р Гадаф Реџепи
19 август 2010
,,Директен маркетинг и мал бизнис“ е најновото меѓународно издание на книгата од авторите д-р Неџби Весели, д-р Вељанд Рамадани и м-р Гадаф Реџепи, професори на Факултетот за бизнис и економија на ЈИЕУ. Оваа книга е издадена од познатиот издавач Ламберт Академик (Lambert Academic Publishing) од Германија (книга ISBN: 978-3-8383-8835-9).
Директниот маркетинг е поддисципилна и вид на маркетинг. Директниот маркетинг по дефиниција претставува комуникација помеѓу компаниите и потрошувачите со цел да се зголеми продажбата на производите, услугите и информациите преку интернет, пишани и електронски медиуми, мејли, каталози, проспекти итн. (директен мејл, имејл, телемаркетинг).
Дали малите и средни претпријатија во Македонија имаат комуникација со пазарот или не? Дали обрнуваат внимание на формите на комуникација? и Колку се инвестира во промоцијата и директниот маркетинг? Одговорот на овие прашања е изнајден преку прашалници (анкети) кои се реализираа во соработка со дипломците од Факултетот за бизнис и економија на Универзитетот на Југоисточна Европа во 288 мали и средни претпријатија кои функционираат во државава.
Оваа книга може да се купи на следниве веб - страници: www.amazon.com и www.morebooks.de по цена од 49 €. (https://www.morebooks.de/store/gb/book/direct-marketing-and-small-businesses/isbn/978-3-8383-8835-9)
Повеќе вести
- На УЈИЕ се одржа Саемот за кариера 2026 – мост помеѓу студентите и пазарот на трудот
- УЈИЕ и ХЕРА потпишаа Меморандум за соработка за унапредување на практичната настава и истражувањето во области од општествено значење
- Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, оствари средба со амбасадорката на Норвешка, Кристин Мелсом
- Во УЈИЕ најталентираните средношколци се натпреваруваа на Националната олимпијада по економија
- Младите против насилството: Едукативна обука со средношколци на УЈИЕ
- УЈИЕ дел од Годишната конференција на ЕУА во Истанбул
- Посета на Амбасадата на САД и презентација на програми за образовна размена на УЈИЕ