Титулата почесен доктор на науки (honoris causa) за 2010 година ЈИЕУ ќе му ја додели на првиот ректор на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази. Ова се одлучи на состанокот на Сенатот на ЈИЕУ, кој го водеше новиот ректор во својство на проректор проф. д-р Замир Дика и се одржа во среда 23 јуни 2010 година. Овој предлог беше прифатен со акламација од сите членови на Сенатот на Универзитетот.
Титулата почесен доктор на науки (honoris causa) му се доделува на ректорот Алајдин Абази со мотивација за неговиот посебен придонес како ректор на ЈИЕУ, за создадената национална и меѓународна репутација, за развојот на високото образование на албански јазик во Р. Македонија како и за посебниот придонес за развојот на научното мислење во Р. Македонија и пошироко.
Предлогот за доделување на титулата почесен доктор на науки е од Факултетот за бизнис и економија и од Факултетот за современи науки и технологии и е поддржан од сите други факултети на Универзитетот.