
Досегашниот ректор на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази на симболичен начин му го врачи клучот на Универзитетот, кој тој самиот го има примено кога е избран за ректор.
„Овој клуч, кој мене ми го дадоа на 20 ноември 2001 година, во текот на мојата инаугурација за ректор на Универзитетот. Посакувам овој клуч традиционално и во иднина да се предава на ректорите во тек на нивните инаугурации. Клучот, во тоа време ми го врачи Претседателот на меѓународната фондација во Швајцарија за реализација на проектот ЈИЕУ, неговата екселенција, амбасадорот на ОБСЕ , г.Макс ван дер Штул“, рече академикот Алајдин Абази.
Новоизбраниот ректор на ЈИЕУ, проф. д-р Замир Дика има се заблагодари на сите за дадената доверба и изборот за ректор на овој посебен универзитет во Република Македонија и пошироко.

„Од денот на изборот, пред два месеци, според одредбите на Законот и Статутот работев во дизајнирањето на насоките за развој на Универзитетот во аспект на визијата и адекватното менаџирање. Поради ова, во меѓувреме темелно истражував во врска со современите дилеми во оваа област. Видов десетици организациони шеми на Универзитети од различни профили и системи и воочив дека скоро сите Универзитети во светот се во ист тек на движење кон менување на раководната парадигма: од колективно раководење кон корпоративно менаџирање кое со себе ја сноси индивидуалната одговорност“, рече Дика. Тој рече дека тешкотиите на оваа транзиција создаваат предизвик за одржување на рамнотежа помеѓу корпоративната одговорност и академската слобода. Некое евентуално губење на рамнотежата може да ја загрози академската слобода од една страна која е предуслов за акумулација на новото знаење и иновацијата, или пак од друга страна поради претераната автономија да се ризикува сржта на мисијата на високото образование а со тоа и општествениот напредок.
Ректорот Дика рече дека го нема „магичното стапче“ за да ги решава сите проблеми, но вети дека ќе се бори за да обезбеди отворена средина за разговор, за да создаде еднакви можности и лојална конкуренција; ќе ја поддржи ригорозната дебата базирана врз соодветни анализи и непоколебливо ќе ги следи сите одлуки кои ќе се донесат заеднички. Тој рече дека идентификувал неколку цели, кои заедно треба да ги постигнеме. Заедно треба да се ангажираме во зголемувањето на институционалната автономија и почитта кон личноста, но истовремено да ја измениме традицијата кон давање отчет и оценување според заслуга и перформанса; заедно ќе работиме кон зајакнувањето на идентитетот на институцијата, за мотивација, взаемно дејствување, како и поставување на наставата, истражувањето и иновацијата на располагање на бизнис заедницата и во функција на создавање нови знаења. Според него без илузии дека промените можат да се случат преку ноќ покрај се тој верува дека новиот тим кој ќе ја води и администрира академската, научната и педагошката перформанса на нашиов универзитет, ќе знае да направи успешни баланси, поставувајќи го ЈИЕУ на пиедесталот на вредностите кои произведуваат модел за успешна приказна во која алфа и омега се посветени кон студентот и усовршувањето на квалитетот.
(целосниот говор на ректорот проф. др. Замир Дика)