Лулзиме Камбери учествуваше на Петтата конференција на студентите по докторатура на Југоисточна Европа - “Поттикнување истражување и знаење во Југоисточна Европа”од 13-14 септември 2010 година. Таа го презентираше трудот со наслов “ Значењето на пишувањето дневник при изучување странски јазик на универзитетско ниво” кој е објавен во апстрактот на конференцијата.
Конференцијата е организирана од Центарот за истражувања на Југоисточна Европа, кој е меѓународен, мултидисциплинарен, непрофитен центар со седиште во Солун, Грција. Центарот е формиран заеднички од Универзитетот во Шефилд (Велика Британија) и Сити Колеџот од Грција. Мисијата на овој центар е да го поддржи мирниот развој на Југоисточна Европа олеснувајќи ја соработката помеѓу истражувачкиот кадар притоа развивајќи мултидисциплинарни мрежи на истражувачите од цела Југоисточна Европа.
Лулзиме Камбери учествуваше на Петтата конференција на студентите по докторатура на Југоисточна Европа од 13-14 септември 2010 година
27 септември 2010Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics