Албулена Халили учествуваше на годишната меѓународна конференција која се одржа во Тирана од 2-5 септември 2010 година. Таа го презентираше научниот труд со наслов „Европа после Лисабонскиот договор: надворешната политика на Европската Унија кон Западниот Балкан“. Апстрактот на овој научен труд е печатен во книгата на апстракти на Институтот Алб-Шкенца 2010.
На оваа конференција беа презентирани околу 700 научни трудови од околу 1.000 автори од Албанија, Косово, Македонија, САД , Германија, Австрија, Франција, Белгија, Шпанија, Кина, Грција, Италија, Канада, Кувајт, Холандија, Шведска, Швајцарија и Турција.
Институтот Алб-Шкенца е приватна иницијатива на албанските научници од дијаспората, кои заедно со научниците Албанци од Албанија, Косово и Македонија придонесуваат за функционирањето на овој институт.
Албулена Халили учествуваше на годишната конференција на Институтот Алб-Шкенца
17 септември 2010Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics