Најнови информации
-
Проф. д-р Селајдин Абдули e избран за нов претседател на Сенатот на Универзитетот на Југоисточна Европа
25 февруари 2025На денешната седница на Сенатот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), проф. д-р Селајдин Абдули беше избран за нов претседател на ова важно академско тело.
-
Деветта изложба на студентите од Факултетот за технички науки на УЈИЕ – сведоштво за креативност и иновација
21 февруари 2025Денес, на 21. февруари 2025 година, се одржа Деветтата изложба на студентите од Факултетот за технички науки на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), на која студенти, родители и други посетители имаа можност одблиску да се запознаат со креативните и со иновативните дела на изложувачите.
-
Тркалезна маса за застапеноста на жените во науката - УЈИЕ: Модел на родова еднаквост во академијата и во менаџментот
11 февруари 2025Зајакнувањето на жените, предизвиците со кои се соочуваат и давање решенија за порамноправна иднина беа главните теми на тркалезната маса што се одржа денес (11.02.2025 год.) на Универзитетот на Југоисточна Европа, по повод Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, а во организација на Факултетот за современи општествени науки и мрежата на жени во науката.
-
УЈИЕ, центар на иновации: Студентот Фехми Хавзиу ја креираше апликацијата Ways2Go
11 февруари 2025Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) продолжува да се докажува како центар на академска извонредност и иновации, инспирирајќи ги своите студенти да донесат практични решенија за секојдневните предизвици. Еден од најновите примери за успех е Фехми Хавзиу, студент од четврта година на компјутерски науки, кој ја разви мобилната апликација Ways2Go – платформа која го олеснува патувањето со автобус меѓу градовите во Северна Македонија.
-
Напредок на Универзитетот на Југоисточна Европа за 237 места на светската ранг-листа на Webometrics
31 јануари 2025Универзитетот на Југоисточна Европа забележа извонредно достигнување на најновото светско рангирање на универзитетите, објавено од меѓународната платформа Webometrics на крајот на овој месец. Универзитетот има напредок за 237 места, позиционирајќи се како трета најдобра институција во Република Северна Македонија.
-
Се одржа тркалезна маса за платено политичко рекламирање на интернет- порталите за време на изборните кампањи
29 јануари 2025Факултетот за современи општествени науки во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) денес (29.01.2025 год.) на Универзитетот на Југоисточна Европа ја организираше тркалезната маса на тема „Платено политичко рекламирање на интернет- порталите за време на изборите кампањи“.
-
УЈИЕ и Фондацијата Маариф дискутираат за можности за соработка
27 јануари 2025Денес, на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), се одржа средба помеѓу ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и претставникот на Фондацијата Маариф во Северна Македонија, г. Осман Демирѓил, придружен од претставници на Меѓународното училиште Маариф во Тетово.
-
УЈИЕ ја завршува годината со новости и успеси – прес-конференција на ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети
20 декември 2024Тетово, 20. декември 2024 год. – Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денес ја одржа традиционалната прес-конференција на крајот од годината, споделувајќи ги клучните достигнувања на Универзитетот и плановите за иднината.
-
Агрон Мухареми е избран за нов претседател на Студентскoто собрание и асоцијација на УЈИЕ
19 декември 2024Членовите на Студентското собрание, на состанокот што се одржа во четврток (19 декември 2024 година) во УЈИЕ Тетово, гласаа Агрон Мухареми да биде новиот претседател и Дриант Рашиди потпретседател на оваа асоцијација.
-
Средба помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот на Елбасан „Александар Џувани“
18 декември 2024Можноста за соработка во областа на високото образование и научното истражување беше главна тема на средбата што ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, ја оствари во вторник (17. декември 2024 г.) со делегација од Универзитетот од Елбасан „Александар Џувани“, предводена од проректорот за научно истражување, проф. д-р Скендер Топи.
-
Амбасадорката на САД во посета на УЈИЕ , дијалог со студентите за образовните и за глобалните предизвици
17 декември 2024Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Н.Е. Анџела П. Агелер, денес (17.12.2024 г.), одржа предавање за студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово. Оваа активност се реализира како дел од напорите за зајакнување на дијалогот и соработката меѓу САД и младите во земјава.
-
Се отвори „700 Accelerator Hub“на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово
13 декември 2024На Универзитетот на Југоисточна Европа ( УЈИЕ) во Тетово денес се одржа свеченото отворање на „700 Accelerator Hub“, проект чија цел е промовирање на иновациите и економскиот развој во регионов. На настанот беа присутни значајни личности од академијата, од политиката и од приватниот сектор.
-
Академик Таки Фити одржа предавање за студентите на УЈИЕ
13 декември 2024Во организација на Факултетот за бизнис и економија, денес (13.12.2024 год.) пред студентите предавање одржа познатиот академик од областа на економијата, акад. проф. д-р Таки Фити, на тема: „Нобеловци за економија 1969 г. -2024 година, со акцент на последните нобеловци Дарон Аџемоглу, Сајмон Џонсон и Џејмс Робинсон“. На предавањето присуствуваа и претседателот на МАНУ Живко Попов и други академици.
-
Се одржа панел дискусија по повод Меѓународниот ден на човековите права
11 декември 2024На 10. декември 2024 година, на Kампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Скопје, се одржа панел-дискусија по повод Меѓународниот ден на човековите права. Нa настанот беа присутни истакнати академици, институционални претставници и експерти кои дискутираа за важноста на човековите права од правна и од практична перспектива.
-
QS Global Rankings 2025: УЈИЕ - најдобриот универзитет на албански јазик и трети во Северна Македонија.
10 декември 2024Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) е рангиран на третото место во Северна Македонија на најновата глобална ранг- листа на универзитети за 2025 година, објавена од Институтот „Квакарели Симонс“ – (QS), во која се вклучени и три други универзитети од Северна Македонија.
-
Архитектот Гзим Пачаризи одржа предавање за студентите на УЈИЕ
28 ноември 2024Студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа имаа чест да присуствуваат на инспиративното предавање што го одржа меѓународно познатиот архитект Гзим Пачаризи, основач на студиото Пачаризи. Темата на предавањето, кое се одржа во четвртокот (28.11.2024 год. ), беше „Архитектонска идеја“ со кое на студентите им даде длабински увид во креативниот процес зад изградбата на архитектонски проекти.
-
Економска стабилност во фокус: Експертите дискутираат за фискалните реформи во Северна Македонија
22 ноември 2024„Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“ беше темата на дебатата што се одржа на 22.11.2024 год. во Скопје, во организација на Фискалниот совет на Република Северна Македонија, во соработка со Институтот Finance Think.
-
УЈИЕ ја прослави 23. годишнината од основањето
21 ноември 2024Универзитетот на Југоисточна Европа, во присуство на дипломатскиот кор, претставници на локалната самоуправа, ректори на државни универзитети, одбори за акредитација, кадар и студенти, денес (21.11.2024 год.) во пригодна манифестација ја прослави 23-годишнината од основањето.
-
Се одржа традиционалниот меморијален турнир „ Арбен Џафери“.
20 ноември 2024Во рамки на активностите за одбележување на 23. годишнината од основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа, денеска (вторник, 19.11.2024) во организација на Одделот за спорт и Студентската Асоцијација и Парламент,во спортската сала на средното медицинско училиште, се одржа традиционалниот турнир во Футсал „Меморијал Арбен Џафери“.
-
Ректорот Беџети: Искуствата на УЈИЕ во фокус на Конференцијата за реформите во високото образование
18 ноември 2024Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денес (18. ноември 2024 год.) учествуваше како панелист на Конференцијата организирана од Студентското собрание на Универзитетот „св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Централната тема на конференцијата беше „Реформи во високото образование – интердисциплинарен пристап“.