На средбата со амбасадорот Денион Меидани, делегацијата пренесе пораки за соработка и признание за улогата на амбасадата во зајакнувањето на меѓусебните односи и поддршката што ја обезбедува за академската заедница на УЈИЕ. Ректорот Ибраими истакна дека за УЈИЕ е чест да биде дел од активности кои ги афирмираат националните вредности и го поттикнуваат образовното партнерство меѓу институциите.
На свечениот прием учествуваа личности од јавниот, од дипломатскиот, од академскиот и од културниот живот и претставува момент на потсетување за историското значење на 28. ноември.
