Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ учествува на Првиот форум за квалитет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe

На 27. октомври 2025 година, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe се одржа првиот форум за квалитет, под мотото „Со квалитет кон извонредност“. На настанот присуствуваа претставници на високообразовните институции, вклучувајќи го министерот за образование и наука, ректори на јавни и приватни универзитети, претставници на Агенцијата за квалитет во високото образование, декани, сенатори, студенти и претставници на деловната заедница.

На овој форум, Универзитетот на Југоисточна Европа го претставуваа ректорот, проф. д-р Садудин Ибраими, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и извршниот советник за перформанси и управување со квалитет, доц. д-р Лулзиме Нуредини-Мехмеди.

УЈИЕ, од 2005 година, е првиот универзитет во земјава што воспостави и имплементира интегриран систем за квалитет, градејќи јасни стандарди за мерење и подобрување на академските и на институционалните перформанси. Денес, овој систем стана референтен модел во високото образование во Северна Македонија, одразувајќи ја посветеноста на Универзитетот кон извонредност, транспарентност и одржлив академски развој.

Учеството на УЈИЕ на овој форум ја потврдува улогата како лидер во областа на управувањето со квалитетот во високото образование и како институција која континуирано придонесува за подигнување на националните и на меѓународните стандарди на универзитетското образование.

Google+