Фестивалот го отвори Елмедина Абдулаху, раководителка на Библиотеката, која им се заблагодари на сите што помогнаа во реализацијата, особено на наставничките и учениците од паралелката за деца со посебни образовни потреби при ОУ „Лирија“.
Публиката уживаше во монологот „Помогни ми да се изразам“, напишан и изведен од Елиза Абдија, во видеото „И јас сум како тебе“, изведено од Вели Салији, како и во заедничкиот танц на групата „Dancer United“ од Скопје, под раководство на инструкторката Сара Кочан.
Во ходникот на амфитеатарот LH2 беа изложени и слики од ученици со различни способности, кои ја претставија убавината на творештвото без граници.
Фестивалот се доживеа како ден исполнет со насмевки, храброст и позитивни пораки - затоа што секое дете заслужува простор за да заблеска!
