Најнови информации
-
Правниот факултет го промовира новиот Прирачник за кривична постапка на албански јазик
15 ноември 2024На 14 ноември 2024 година, Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа организираше промоција на книгата „Формите на поднесоци според Законот за кривична постапка, Законот за меѓународна соработка во кривична материја, Законот за правда за децата и Законот за прекршоци“.
-
Средба со кадарот на УЈИЕ во рамките на Програмата IVLP
8 ноември 2024Денеска (08.11.2024 г.), службеникот за Меѓународната програма за лидерство со посетители (IVLP), Даниел Оранж, придружуван од Газменд Иљази--координатор за размена и алумни во Амбасадата на САД, одржа состанок со членовите на кадарот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), кои беа корисници на различни можности што ги нуди Амбасадата на САД.
-
Промовиран опусот на книжевната дејност на познатиот албански публицист во Белград Фахри Мусли
29 октомври 2024Познатиот албански новинар и публицист во Белград, Фахри Муслиу, денес во Универзитетската библиотека „Макс ван дер Штул“ го промовираше опусот на своето книжевно творештво.
-
Се одржа Town hall дискусија за медиумскатa писменост
28 октомври 2024Во организација на Факултетот за современи општествени науки, денес (28.10.2024 год.) се одржа Town hall дискусија на тема медиумската писменост.
-
Трибина за свесност и превенција од рак на дојка
17 октомври 2024Факултетот за здравствени науки поддржан од Ротари клубот од Тетово во рамки на меѓународниот месец за подигање на свесноста за ракот на дојка, денес (17.10.2024 г.), организираше трибина на тема: „Превенција и подигање на свесноста за ракот на дојка“.
-
Состанок на Ректорот Беџети и претседателот на Студентското собрание и асоцијација Адеми со Амбасадорот на Албанија, Н.Е. Денион Меидани
16 октомври 2024Во фокусот на средбата меѓу Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, и претседателот на Студентското собрание и асоциjација (ССА), Мевлан Адеми, со амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Н.Е. Денион Меидани беше напредокот на универзитетот, предизвиците во високото образование и науката, како и соработката со сестринските универзитети во Албанија и другите албански универзитети во регионот.
-
Се одржа регионална конференција за димензиите на јавниот менаџмент, политиките и администрацијата
4 октомври 2024На Универзитетот на Југоисточна Европа, во организација на Факултетот за современи општествени науки, денес (04.10.2024 год.) се одржа регионална конференција на тема: „Истражување на димензиите на јавниот менаџмент, политики и администрација низ различни сектори“ на која учествуваа значајни претставници на креирањето политики за јавната администрација, академскиот сектор од универзитети и институции од Северна Македонија, од Албанија, од Косово, од Србија и од Босна и Херцеговина.
-
Ректорот Беџети учествува на Конференцијата за наука, образование и иновации во рамките на Берлинскиот процес
1 октомври 2024Во рамките на 10. годишнината од Берлинскиот процес, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, учествува на осмата заедничка Конференција за наука, образование, истражување и иновации, еден од главните столбови на Берлинскиот процес. Конференцијата се одржува од 30. септември до 1. октомври 2024 година во Берлин, Германија.
-
Ректорска средба во Лисабон: чекор напред за проектот ChallengeEU
26 септември 2024Минатата недела, ректорите на универзитетите, вклучително и нашиот ректор, академик Абдулменаф Беџети, се состанаа во Лисабон, Португалија, за да дискутираат за подготовките за проектот ChallengeEU, кој треба да започне во јануари 2025 година. Овој состанок беше клучна платформа за споделување ажурирања за сегашниот статус проектот на секој универзитет, поттикнувајќи го духот на соработка меѓу вклучените институции.
-
Во УЈИЕ започна новата академска година: Воведна средба со бруцошите
16 септември 2024Денес, (16.09.2024 г.) на Универзитетот на Југоисточна Европа започнаа предавањата, со што и официјално започна новата академска 2024/25 година.
-
УЈИЕ како носител на иновативниот проект CORTEX2, C.A.R.E. XR во соработка со ЦУК придонесува за зголемување на јавната безбедност при справување со природни катастрофи во РСМ
6 септември 2024Факултетот за современи науки и технологии (ФСНТ) на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), спроведува важен и иновативен проект во рамките на серијата каскадни проекти, финансирани од програмата Хоризонт 2020 на Европската комисија. Овој проект кој го доби грантот од платформата CORTEX2 е насловен C.A.R.E. XR и е во вредност од 200.000 евра. Како носител на проектот, ФСНТ соработува со Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Северна Македонија за развој на нови технолошки решенија кои ќе помогнат во управувањето со природни итни и кризни ситуации.
-
Вештачката интелигенција во фокусот на обуката на вработените на УЈИЕ
5 септември 2024Како дел од програмата за развој и обука на кадарот, од 3. до 5. септември 2024 год, се одржа традиционалната обука, која годинава имаше клучна тема: Вештачка интелигенција (ВИ) во високото образование: можности, предизвици, одговор на УЈИЕ“, на која учествуваа сите вработени од Универзитетот.
-
Успешно се реализираше летната школа на тема „Комон сенс економија“ (Common Sense Economics) на Универзитетот на Југоисточна Европа
2 септември 2024Летната школа на тема „Комон сенс економија“, чиј домаќин беше Универзитетот на Југоисточна Европа од 26. до 30. август 2024 година, заврши со голем успех. Во школата беа вклучени 22 дипломирани студенти од четири универзитети во Северна Македонија: Меѓународниот Балкански универзитет, Универзитетот на Југоисточна Европа, Универзитетот во Тетово и Американ Колеџ од Скопје.
-
Рон Исмаили, студент на УЈИЕ е еден од четворицата победници меѓу повеќе од 2.000 апликанти за меѓународна стипендија за извонредност
30 август 2024Рон Исмаили, студент од Факултетот за современи науки и технологии, е победник на програмата за International Excellence Scholarship (IES), поддржана од организацијата Copernicus Berlin e.V.
-
Интервју на ректорот Акад. проф. др. Абдулменаф Беџети за новинската агенција ИНА: УЈИЕ рангиран меѓу најпрестижните, атрактивни и најиновативни универзитети за студирање
8 август 2024Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово, акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети во интервју за новинската агенција ИНА зборува за достигнувањата на овој Универзитет, за рангирањето на највисоките нивоа како универзитет со меѓународно реноме, зошто токму овој Универзитет треба да се избере за студирање и каква е збогатената студиска понуда.
-
Правниот факултет го рангира УЈИЕ во топ 16 најдобри универзитети во светот на престижниот меѓународен натпревар "Nuremberg Moot Court 2024"
1 август 2024Тимот на Правниот Факултет на УЈИЕ составен од одличните студенти Стефани Стојчевска, Аргона Кучи и Флутура Џемаили под раководство на Проф. Д-р. Ведије Раткоцери и поддршка од Проф. Д-р. Аднан Јашари истовремено и Декан на Правниот Факултет, беше учесник на меѓународниот натпревар "Nuremberg Moot Court 2024" одржуван во Нирнберг, Германија од 24-27 Јули 2024 година.
-
QS Rankings Europe 2025: УЈИЕ е најдобриот универзитет во регионов меѓу албанските универзитети и втор во Северна Македонија
10 јули 2024Универзитетот на Југоисточна Европа е вториот најдобар универзитет препорачан за студирање во Северна Македонија за академската 2024-2025 година и најдобар универзитет или прворангиран меѓу универзитетите со настава на албански јазик во регионов.
-
Универзитетот на Југоисточна Европа станува партнерска институција во алијансата на европски универзитети CHALLENGE.EU
1 јули 2024Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) со задоволство објавува дека заедно со 8 други европски универзитети доби позитивна оценка од Европската комисија за поднесувањето на проектот CHALLENGE.EU, во рамките на повикот Еразмус + ,Алијанса на европските универзитети.
-
Се отвори осмата изложба на студентите по Архитектура и дизајн
28 јуни 2024Студентите, академскиот кадар и семејствата имаа можност денес (28.06.2024г.) да ги видат професионалните достигнувања на студентите по Архитектура и дизајн кои ја одржаа осмата изложба на своите дела.
-
Факултетот за бизнис и економија ја одржа седмата меѓународна научна конференција за бизнис и економија (ISCBE 2024) во Вила Реал, Португалија
27 јуни 2024„Навигација во економската несигурност: адаптација, иновации и отпорност во свет на кризи“, беше темата на Меѓународната научна конференција за бизнис и економија (ISCBE 2024), одржана на 24. јуни на Универзитетот во Трас-ос-Монтес и Алто Дуро. (УТАД), во Вила Реал, Португалија.