Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ и Институтот Strategers потпишаа Меморандум за соработка

На 21. август 2025 година, Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Институтот Strategers потпишаа меморандум за соработка за зајакнување на соработката во области од заеднички интерес, особено во европската интеграција и развојот.

Ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и Претседателот на Управниот одбор на Институтот Strategers, проф. д-р Фатмир Бесими, ја оценија оваа иницијатива како значаен чекор за зајакнување на демократијата и граѓанското учество во процесот на европска интеграција.

Во тек на потпишувањето на Меморандумот за разбирање присуствуваа новоизбраниот ректор на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими и директорката на Институтот Strategers, г-ѓа Билјана Бутлевска.

Преку партнерството се комбинираат академските и истражувачките капацитети на УЈИЕ со искуството на Strategers во работите поврзани со стратегии и политики.

Google+