На отворањето на програмата, студентите имаа можност да го слушнат поздравниот говор од Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Садудин Ибраими, кој истакна дека изборот да се студира на УЈИЕ претставува важен чекор кон знаењето, личниот и професионалниот развој.
„Денес вие станувате дел од институција која не е само центар на знаење, туку и модел на културна соживот, иновации и посветеност на квалитетот. На УЈИЕ, ќе учите не само од книгите, туку и од општеството, искуствата, соработката и предизвиците,“ рече Ректорот Ибраими.
Во име на студентите, претседателот на Студентското собрание и асоцијација, Агрон Мухареми, изјави:
„Како претставник на студентите, ве охрабрувам да бидете активни, да ја искористите секоја можност што ја нуди УЈИЕ и да придонесете студентскиот живот да биде динамичен, соработувачки и плоден за сите.“
За време на овој настан, студентите се запознаа со инфраструктурата на Универзитетот, се здобија со студентски идентификациски картички (ID), го подготвија својот распоред и се запознаа со советниците за студентски прашања и со универзитетската администрација.
Исто така, тие беа информирани за главните услуги кои ќе ги придружуваат за време на студиите: студентската служба, ИТ-службата, библиотеката, кариерниот центар и се сретнаа со претставници на факултетите каде што избрале да студираат.
