На средбата со ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, кој беше придружуван од советничката за меѓународни односи и односи со заедницата, проф. д-р Беса Арифи, гостите му честитаа за новиот мандат на чело на Универзитетот, истакнувајќи ја улогата на оваа институција во промовирањето на знаењето, вредностите и општествениот напредок.
Разговорите беа насочени кон актуелните состојби во високото образование и разгледуваа конкретни можности за меѓуинституционална соработка. Двете страни изразија подготвеност да изградат силни мостови на партнерство во функција на образовниот, културниот и општествениот развој на заедницата.
