Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Садудин Ибраими ја презентираше својата визија и програма за развој на УЈИЕ (2025–2028)

Во рамките на традиционалната обука на кадарот на Универзитетот на Југоисточна Европа, организирана од канцеларијата за квалитет, новиот ректор на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, денес ја презентираше својата визија и програмата за развој на Универзитетот за периодот 2025–2028 година.

„Нашиов Универзитет ќе се развива врз три главни столба: Луѓе, Планета и Напредок, поткрепени со иновации. Најголемата предност на УЈИЕ се и ќе останат вработените. Ќе го унапредуваме професионалниот развој на кадарот, праведноста во напредувањето и активно ќе го поттикнуваме учеството во донесувањето одлуки. Само заедно можеме да изградиме иновативен, одржлив и влијателен универзитет во регионов и пошироко“, истакна ректорот Ибраими.

Тој ја нагласи важноста на академската трансформација преку модернизација на студиските програми, инклузивно учење и основање на Центар за доживотно учење и кариерен развој.

Презентирајќи ги стратешките приоритети, ректорот Ибраими посочи дека Универзитетот ќе се фокусира на создавање зелен кампус и промовирање на еколошка одржливост, дигитална трансформација, интернационализација на студиските програми, како и обезбедување финансиска стабилност и модернизација на инфраструктурата.

Како заклучок, ректорот Ибраими ја истакна солидната финансиска состојба на Универзитетот и позитивниот тренд на апликации за новата академска година, потенцирајќи дека е забележан јасен пораст во споредба со минатата година.

На крајот од своето излагање, тој изрази благодарност до поранешниот ректор, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, за неговата работа и посветеност во консолидирањето на Универзитетот, при што упати повик за колективна ангажираност на вработените и студентите во претстојниот период.

Google+