Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Академик Абдулманаф Беџети ja истакнува улогата на научните истражувања во економските политики

На меѓународната конференција „Применети економски истражувања: пат кон оптимални национални стратегии и политики во турбулентни времиња“, академикот Абдулманаф Беџети нагласи дека научните истражувања и емпириските анализи се основа за ефективни економски политики и одржлив развој.

Тој истакна и придонесот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и клучната улога на научните институции во креирањето политики базирани на податоци. На конференцијата учествуваа и меѓународни професори од Велика Британија и од Западен Балкан, вклучувајќи ја и деканката на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Хирије Абази.

Конференцијата се одржа денес во Скопје и беше организирана од Факултетот за економија – Скопје, Сојузот на економисти на Македонија и Балканската асоцијација на економисти во применета економија.

Google+