Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Правниот факултет ја одржа Шестата Меѓународна научна конференција по Правни науки

Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа денес ја одржа Шестата Меѓународна научна конференција по Правни науки (ISCLS’25) на тема: „Предизвици на владеењето на правото во Западен Балкан – состојби и перспективи.“

Настанот се реализираше во партнерство на Правниот факултет на УЈИЕ, на Универзитетот „Исмаил Ќемали“ од Влора и на Колеџот ААБ од Косово, создавајќи заедничка платформа за научници и професионалци од областа на правото во регионов.

На отворањето, проф. д-р. Аднан Јашари, декан на Правниот факултет, им се заблагодари на учесниците и ја истакна важноста од јакнењето на академската соработка надвор од регионалните граници.

Главни говорници на конференцијата беа: Судијата Африм Фидани, претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија и проф. д-р Родна Живковска од Правниот факултет „Јустинијан I“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

На конференцијата се дискутираа предизвиците и перспективите на владеењето на правото на Западен Балкан и се понудија идеи и препораки за јакнење на правните реформи и забрзување на европската интеграција.

Настанот беше модериран и координиран од проф. д-р Албана Метај-Стојанова и проф. д-р Јетон Шасивари, професори од Правниот факултет.

Оваа меѓу универзитетска соработка претставува значаен чекор кон создавање одржлива академска традиција во областа на правните науки во регионов.

Google+