Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Кога беше грешката– тогаш кога фалеше, или денес кога критикува без докази?

Реакција на дезинформациите од Емира Селими, поранешна студентка на УЈИЕ

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) чувствува обврска да реагира јавно на тенденциозните и невистинити изјави објавени од Емира Селими, поранешна студентка на оваа институција. Овие тврдења претставуваат не само обид да се оцрни угледот на академскиот кадар, туку претставува и напад врз кредибилитетот и интегритетот на Универзитетот.

За време на нејзините студии на УЈИЕ, Емира Селими активно учествуваше во академските и културните активности, при што честопати изразуваше восхит и пофалби за професорите и за улогата на институцијата. Таа има прифатено подарени публикации – вклучувајќи и книги за „Комплексот на азбуката – Битола“ – и ги фалеше авторите со надеж дека ќе добие академски привилегии или неоправдани оценки. Тоа однесување е спротивно на изјавите кои таа денес ги објавува јавно.

Оваа нагла промена во ставот го отвора клучното прашање: Каде е личниот проблем и комплекс на Емира Селими? Дали тогашната нејзина постапка – кога бараше корист преку ласкање – била грешка, или пак е грешка сега, кога со омраза и клевети се обидува да ги нападне оние кои не ѝ ги задоволиле нејзините очекувања?

Важно е да се нагласи дека УЈИЕ функционира според јасни стандарди за квалитет, транспарентност и меритократија, и како таков во него нема простор за индивидуални повластувања што се спротивни на овие вредности. Доколку некој се чувствувал „награден“ незаслужено, тоа никогаш не било резултат на институционалната политика или системот на вреднување на УЈИЕ , кој редовно е следиен од внатрешни и надворешни механизми за акредитација и обезбедување на квалитет.

Јавните изјави што имаат за цел да ја оцрнат институцијата поради лични искуства изградени врз илузии за незаслужени привилегии се неприфатливи и ги сметаме како израз на лична фрустрација што нема место во сериозен јавен дискурс.

УЈИЕ останува посветен на зачувување на академскиот интегритет преку знаење, посветеност и меѓународни стандарди.

Google+