Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Учесниците на меѓународната програма за Вештачка интелигенција го посетија УЈИЕ

Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денес ги пречека учесниците на меѓународната програма „Вештачка интелигенција во едукацијата на професионалци на иднината“, во рамки на проектот Blended Intensive Programme (BIP) – Еразмус+ проект кој УЈИЕ го имплементира во соработка со Universitat Politècnica de València (Шпанија), Hochschule Heilbronn (Германија), и Universitatea Babeș-Bolyai (Романија).

Учесниците беа пречекани од проректорката за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи, која ја нагласи важноста на меѓународната соработка и меѓукултурната размена за стекнување нови знаења и вештини.

Програмата вклучува околу 40 учесници – меѓународни студенти и експерти од академијата и индустријата – и е поддржана од водечки компании како Audi и Capgemini.

„Преку оваа програма, не само што го продлабочуваме знаењето за вештачката интелигенција во образованието, туку и градиме мостови на соработка и разбирање меѓу младите од различни земји“, изјави проф. Арифи.

По активностите во Охрид, посетата на Тетово го означува продолжението на програмата, која ќе заврши на кампусот на УЈИЕ во Скопје.

Google+