Најнови информации
-
Плакети и благодарници за студентите победници на националниот натпревар во Тирана
4 април 2024По успехот постигнат на националниот натпревар за симулирано судење во Тирана, студентите и лидерот на тимот од Правниот факултет, денес (04.04.2024 год.) беа примени од ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.
-
Правниот факултет од Универзитетот на Југоисточна Европа триумфираше на националниот натпревар за симулирано судење во Тирана
1 април 2024Тимот на Правниот факултет од УЈИЕ составен од студентите Гентијана Река Хасипи, Елона Зендели, Ера Ѓакова и Флутра Џемаили, под раководство и подготовка на професорката Ведије Раткоцери, е прогласен за победник на националните натпревари за симулирани судења одржани на 30. и 31. март во Тирана.
-
Професорите од УЈИЕ на ранг-листите на најдобри 10 % научници во светот
13 март 2024Професорите од Факултетот за бизнис и економија на Универзитетот на Југоисточна Европа се меѓу најцитираните со нивните научни трудови на двете најпопуларни меѓународни платформи за рангирање scimago и adscientificindex врз основа на научните перформанси и додадената вредност на научната продуктивност на индивидуални истражувачи.
-
Во УЈИЕ се одржа Зимскa правна школа
6 март 2024Околу 250 матуранти од средните училишта од Тетово и од Дебар учествуваа на Зимската правна школа во организација на Правниот факултет во кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
-
Обука со професорите од средните училишта за најдобар бизнис-план
4 март 2024Факултетот за бизнис и економија, денес (04.03.2024год.) одржа обука со професори од средните училишта во рамките на натпреварот „Најдобар бизнис план“, кој ќе се одржи на 26. април. Целта на оваа обука беше да се обучат професорите за да можат да ги поттикнат и насочат матурантите за што помасовно учество на овој натпревар.
-
УЈИЕ - мотивациска практика во моделите за финансирање на високото образование во Северна Македонија
22 февруари 2024УЈИЕ - мотивациска практика во моделите за финансирање на високото образование во Северна Македонија
-
УЈИЕ и Институтот за либерална алтернатива потпишаа Меморандум за соработка
7 февруари 2024Продлабочувањето на соработката и организирањето заеднички активности во кои главно се вклучени млади луѓе беше целта на потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и Институтот за либерална алтернатива(ИЛА).
-
Одбележување на ликот на американскиот претседател Вудро Вилсон
2 февруари 2024Во Институтот за културно и духовно наследство на Албанците (2.02.2024 година), во Скопје, со свечена манифестација беше одбележана 100. годишнината од смртта на 28. претседател на САД, Вудро Вилсон.
-
Објавен е Зборникот на трудови од Шестата меѓународна конференција за бизнис и економија
31 јануари 2024„Економско закрепнување, консолидација и одржлив раст“ е насловот на Зборникот на трудови презентирани во рамките на Шестата меѓународна конференција за бизнис и економија, кој деновиве излезе од печат и се совпадна со почетокот на новиот семестар, збогатувајќи го просперитетни академски ресурси за студентите и за истражувачите во оваа област.
-
Потпишан Меморандум за соработка со Фондацијата за балкански студии
30 јануари 2024Целта на Меморандумот е да се создаде рамка за соработка во областа на балканските студии, истражувањата и академскитe проекти.
-
Ректорот Беџети учествуваше на конференцијата за годината на европските можности - Целосната интеграција е процес без алтернатива
24 јануари 2024Во контекст на академскиот придонес и активното учество во важни општествени процеси, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, учествуваше на конференцијата „Година на европски можности“, во организација на Владата на Република Северна Македонија, во Скопје.
-
УЈИЕ и Министерството за информатичко општество и администрација потпишаа Меморандум за соработка
22 јануари 2024Продлабочувањето на соработката со Универзитетот, проширувањето на активностите за соработка меѓу академскиот кадар и вработените во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), реализацијата на заеднички проекти, како и воспоставувањето на комуникациски мост меѓу институциите, беа дел од точките на Меморандумот за соработка меѓу Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Министерството за информатичко општество и администрација, што денес (22.01.2024 год. ), во Скопје го потпишаа ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и министерот Азир Алиу.
-
Во организација на Правниот факултет се собраа над 100 ученици од средните училишта во Скопје во рамките на Зимската правна школа
22 декември 2023Зимската правна школа беше настанот на кој се собраа над 100 средношколци од овој град во Кампусот на УЈИЕ во Скопје, со цел да ги запознае младите со основните концепти за правото. Во оваа организација учествуваа ученици од средните училишта, како што се: „Зеф Луш Марку“, „Цветан Димов“, „Арсени Јовков“ и Гимназијата од Сарај.
-
УЈИЕ ја заокружи годината со зголемување на бројот на новозапишани студенти и рекордни инвестиции во ИТ-инфраструктурата
22 декември 2023Зголемувањето на бројот на новозапишани студенти, проширувањето на академската понуда, зголемувањето на бројот на истражувачки проекти, стипендиите, транспарентноста и отчетноста беа дел од главните компоненти што ги истакна ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети на традиционалната прес- конференција со новинарите на крајот на годината што се одржа во четвртокот (21.12.2023 год.) во Тетово.
-
Ректорот Беџети, учесник на конференцијата за градење на институционалните капацитети на фискалните совети во земјите од Западен Балкан
20 декември 2023Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, како член на Фискалниот совет на РСМ, учествуваше на дводневната конференција (18. и 19. декември) што се одржа во Виена во организација на Светската банка и Европската комисија.
-
МЕВЛАН АДЕМИ - НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СТУДЕНТСКOTO СОБРАНИЕ И АСОЦИЈАЦИЈА
15 декември 2023МЕВЛАН АДЕМИ - НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СТУДЕНТСКOTO СОБРАНИЕ И АСОЦИЈАЦИЈА
-
Се одржа конференција за зајакнување на жените во Северна Македонија
7 декември 2023Во организација на Фондацијата на Универзитетот на Југоисточна Европа во партнерство со ХЕКИМА и Стопанската комора на жени, денес (07.12.2023 година) се одржа конференцијата на тема: „Зајакнување на жените во Северна Македонија: вклучување и иновации во претприемништвото“. Конференцијата беше поддржана од SlovakAid и проектот за економски раст на ЕУ (EU4EG), кофинансиран од Европската Унија, нарачан од германското федерално министерство за економски прашања и климатски активности, и имплементиран од ГИЗ и научниот парк АРЕА.
-
Академик Таки Фити одржа предавање за студентите на УЈИЕ
6 декември 2023Во организација на Факултетот за бизнис и економија, денес (06.12.2023 год.) пред студентите предавање одржа познатиот академик од областа на економијата, акад. проф. д-р Таки Фити, на тема: „Нобеловци за економија 1969 г. -2023 година, со акцент на последната нобеловка Клаудија Голдин“.
-
УЈИЕ и ИДКНА ќе потпишат Меморандум за заеднички докторски програми по културни, историски и албански науки
6 декември 2023Ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, денеска (06.12.2023 година), на Универзитетот во Југоисточна Европа во Тетово, одржа средба со проф.д-р Скендер Хасанин, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.
-
Предавање за студентите од заменик-амбасадорката на Обединетото Кралство, Џулија Смит за зајакнувањето на жените во економијата
5 декември 2023Во организација на Факултетот за современи општествени науки, денес (05.12.2023 год.), делегација од Амбасадата на Обединетото Кралство, предводена од заменик-амбасадорката Џулија Смит остварија посета на УЈИЕ.