Воведно излагање за присутните имаа проф. д-р Беса Арифи, проректорка за истражување и за меѓународни односи на УЈИЕ, и доц. д-р Албана Метај-Стојанова, координаторка на Правниот факултет.
На првата сесија на тема „Правни и институционални перспективи“, учесниците дискутираа за значењето на човековите права од правен и институционален аспект.
Проф. д-р Беким Нухија го истакна значајниот придонес што го има заштитата на човековите права во едно демократско општество, додека Џемали Саити, судија во Врховниот суд на Северна Македонија, го сподели искуството на институцијата во промовирањето и гарантирањето на правата. Илир Исени, заменик-директор на Академијата за судии и јавни обвинители, се осврна на важноста од обука на правни професионалци за ефективна заштита на правата.
На вториот панел на тема: „Практичен пристап во заштитата и промоцијата на човековите права“, фокусот беше ставен на практичните пристапи и предизвици на терен.
Весна Костиќ - Ивановиќ, државен советник во Канцеларијата на Народниот правобранител, зборуваше за заштитата на правата на децата и лицата со попреченост, додека Вилдан Дрпљанин, соработник за заштита во претставништвото на УНХЦР, ја истакна важноста од решавање на проблемот со без државноста за обезбедување достоинство и припадност.
Елизабета Божиноска, програмска директорка на ХЕРА, ја обработи темата за родово базираното насилство и неговото влијание врз родовата еднаквост.
Настанот заврши со сесија за прашања и коментари од публиката, создавајќи динамична платформа за размена на идеи и на искуства. Во заклучок, модераторката Елиса Мурсели ги оцени дискусиите како значаен чекор кон подигање на свеста и разбирањето за човековите права.
Оваа активност послужи како уникатна можност за размислување за предизвиците и напредокот во заштитата и промоцијата на човековите права, истакнувајќи ја важноста на заедничките напори во оваа насока.
