Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Светската банка го претстави годишниот извештај и одржа дискусија со академската заедница на УЈИЕ

Експерти од Светската банка денес го претставија годишниот извештај и имаа дискусии со академската заедница на Универзитетот на Југоисточна Европа, на настан организиран од Факултетот за бизнис и економија при УЈИЕ.

На презентацијата присуствуваа голем број студенти и членови на академскиот кадар на Универзитетот, кои имаа можност одблиску да ги слушнат ставовите на експертите од Светската банка за економските и образовните текови, како и за актуелните предизвици и перспективите за иднината.

Настанот го отвори проф. д-р Блерта Абази – Чауши, деканка на Факултетот за бизнис и економија, која ја истакна важноста на соработката на Универзитетот со меѓународните институции и нагласи дека присуството на експертите од Светската банка на УЈИЕ претставува значајна можност за академската заедница.

Во рамките на настанот, експертите од Светската банка ги споделија своите согледувања за актуелни прашања од областа на економијата и образованието, нудејќи анализи и сознанија засновани на нивното професионално искуство и истражувачка работа. По презентацијата следеше отворен разговор со академската заедница на УЈИЕ, во рамките на кој се дискутираше за теми од значење за економскиот развој, пазарот на трудот, образованието и предизвиците во областа на јавните политики.

Делегацијата на Светската банка ја сочинуваа Сања Мадзаревиќ Сујстер, виш економист; Стефани Кетл-Бродман, виш економист; Бојана Нацева, виш специјалист за образование; Марко Јосимовски, економист; Александар Стојанов, економист; Арлан Брукал, економист, и Анита Божиновска, виш асистент за надворешни односи во Светската банка.

Организирањето на овој настан на УЈИЕ ја потврдува важноста на соработката меѓу академските институции и меѓународните организации, создавајќи простор за дијалог, размена на експертиза и идеи, како и за поврзување на високото образование со економските и општествените текови.

Google+