Конференцијата обезбеди важен простор за дијалог и осврт врз развојот во изминатите 25 години. Таа ги адресираше клучните теми поврзани со справувањето со минатото, управувањето, политичката репрезентација, социјалната кохезија и улогата на уметноста и културата во постконфликтните трансформациски процеси.
Во име на Универзитетот на Југоисточна Европа, поздравно обраќање одржа проф. д-р Беса Арифи, советник за заедници и меѓународни односи. Во своето обраќање, таа ја истакна уникатната симболика на 2026 година, напоменувајќи дека УЈИЕ ја одбележува 25-годишнината од своето основање во истата година кога се одбележува и 25-годишнината од потписувањето на Охридскиот рамковен договор.
Проф. д-р Арифи истакна дека УЈИЕ претставува институционален модел изграден врз почитување на различностите и коегзистенцијата меѓу заедниците, опишувајќи ја различноста како една од клучните силни страни и дефинирачки карактеристики на културата на Универзитетот.
Претставници на УЈИЕ дадоа значаен придонес и во панелот насловен „Управување, репрезентација и политички контекст". Како експерти учествуваа акад. проф. д-р Абдилменаф Бехчети и проф. д-р Вели Креци, директор на Институтот „Макс ван дер Штул", додека д-р Албулена Халили, научен соработник во Институтот „Макс ван дер Штул", беше главен говорник.
Понатаму, студенти од УЈИЕ од Скопскиот кампус придонесоа за непречено спроведување на конференцијата. Нивното вклучување во техничката организација на овој меѓународен настан повторно ја покажа активната вклученост на студентите во академските и институционалните активности на Универзитетот.
Во текот на двoдневниот настан, учесници од академската заедница, јавните институции и граѓанското општество разговараа за достигнувањата, недостатоците и предизвиците во имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, како и за идните чекори кон европската интеграција и развојот на едно поохрабрено кохезивно, инклузивно и еднакво општество.
