Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети во својот поздравен говор истакна дека нема поквалификуван економист од академик Таки Фити за да го претстави патувањето на нобеловците по економија.
Пред студентите, презентација на трудот на академик Таки Фити имаше деканката на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Хирије Абази- Алили. Таа издвои делови од биографијата, истакнувајќи го неговиот академски придонес за економската мисла во земјава и пошироко.
Академик Таки Фити истакна дека се чувствува привилегиран што предава на УЈИЕ, меѓу студентите и особено меѓу колегите. Тој детално ја презентираше темата, нагласувајќи го конкретниот придонес на последните нобеловци кои ја демонстрираа важноста на општествените институции за просперитетот на една земја.
Предавањето беше проследено со голем интерес од студентите и од вработените на Универзитетот.
