На панел - дискусијата учествуваше ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој е и член на Фискалниот совет. Учесници на дебатата беа и министерката за финансии, г-ѓа Гордана Димитриевска - Кочовска, како и претседавачот на Фискалниот совет, г. Глигор Бишев.
Во текот на дебатата беше нагласена важноста од доброто економско планирање за кое се потребни точни податоци за трошоците и за расходите од сите институции. Друга главна порака беше дека без длабоки структурни реформи, економскиот раст на Северна Македонија не може да го надмине нивото од 2,5 %.
