Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Напредок на Универзитетот на Југоисточна Европа за 237 места на светската ранг-листа на Webometrics

Универзитетот на Југоисточна Европа забележа извонредно достигнување на најновото светско рангирање на универзитетите, објавено од меѓународната платформа Webometrics на крајот на овој месец. Универзитетот има напредок за 237 места, позиционирајќи се како трета најдобра институција во Република Северна Македонија.

Ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети го оцени овој успех како значајно достигнување за Универзитетот: „Со оглед на големината на Универзитетот, бројот на ангажирани кадри и бројот на факултети, во споредба со другите универзитети, напредувањето на ова рангирање е многу значаен успех за нашиов Универзитет“.

Ова значително подобрување е резултат на напредокот на Универзитетот според сите индикатори за евалуација, вклучувајќи го присуството и видливоста на академските платформи, бројот на цитати и објавувањето на научни трудови од академскиот кадар.

Ова достигнување дополнително ја потврдува посветеноста на УЈИЕ за академски квалитет и унапредување на научното истражување, позиционирајќи го како една од најважните високообразовни институции во регионов.

Google+