Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Тркалезна маса за застапеноста на жените во науката - УЈИЕ: Модел на родова еднаквост во академијата и во менаџментот

Зајакнувањето на жените, предизвиците со кои се соочуваат и давање решенија за порамноправна иднина беа главните теми на тркалезната маса што се одржа денес (11.02.2025 год.) на Универзитетот на Југоисточна Европа, по повод Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, а во организација на Факултетот за современи општествени науки и мрежата на жени во науката.

На настанот присуствуваа истакнати академици и професионалци, кои ги споделија своите искуства и перспективи за предизвиците со кои се соочуваат жените и девојките во науката и во образованието.

Настанот го отвори ректорот на УЈИЕ, академик проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој ја истакна важноста на поддршката и зајакнувањето на жените во академската средина.

„Нашиот универзитет е одличен модел не само во земјава, туку и во регионов во однос на еднаква родова застапеност, како во раководните така и во академските структури, секогаш заснован на меритократија, а не на резервирани квоти“, нагласи ректорот Беџети.

Тој истакна дека родовата еднаквост се одразува и во бројот на напредни академски дипломи. За 23 години, од вкупно 2.915 магистрирани, 1.717 се жени, а 1.198 се мажи. Овој баланс е уште поочигледен на докторските студии, каде 157 се жени, а 165 мажи.

„Еднаквата застапеност на жените во УЈИЕ е очигледна и на лидерските позиции. Од шесте членови на Ректорскиот извршен тим три се жени. „Исто така, во Ректорската управа од 15 члена седум се жени, додека во Сенатот од 31 член 12 се жени и во Универзитетската управа од 7 члена 2 се жени“, истакна ректорот Беџети.

Доц. д-р Елисабета Бајрами Ологу, претседателка на Мрежата на жени во науката и проф. д-р Беса Арифи, проректорка за истражување и за меѓународни односи, ја истакнаа улогата на соработката и институционалната поддршка на жените во науката. Проректорката Арифи презентираше детални податоци за застапеноста на жените во истражувачки и академски аспекти на УЈИЕ, каде што е евидентна и еднаквоста.

Во првата сесија експертите доц. д-р Зебиде Ибраими и Арта Џелили дискутираа за „Burnout (професионална потрошувачка)“ и неговото влијание врз жените ангажирани во образованието и во науката.

Во втората сесија се дискутираше за стратегиите за управување со стресот и зголемување на продуктивноста на работата, каде што проф. д-р Уриме Демири Шаипи сподели важни совети на оваа тема.

Настанот заврши со отворена дискусија, каде учесниците ги споделија своите искуства и предизвици, по што следуваше завршниот говор на проф. д-р Мерита Зулфиу-Алили, декан на Факултетот за современи општествени науки.

По тркалезната маса, присутните имаа можност да продолжат со дискусиите на коктел за дополнително продлабочување на вмрежувањето и на професионалната соработка.

Google+