Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа тркалезна маса за платено политичко рекламирање на интернет- порталите за време на изборните кампањи

Факултетот за современи општествени науки во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) денес (29.01.2025 год.) на Универзитетот на Југоисточна Европа ја организираше тркалезната маса на тема „Платено политичко рекламирање на интернет- порталите за време на изборите кампањи“.

На овој настан учествуваа студенти, академски кадар и експерти од областа, кои дискутираа за предизвиците и за можните решенија за потранспарентен и пофер изборен процес.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети во воведниот говор ја истакна посветеноста на Универзитетот за поддршка на вакви општествено важни активности. „Ги учиме студентите колку е важно да има фер изборен процес“, рече тој.

За целта и важноста на оваа тркалезна маса говореше проф. д-р Мерита Зулфиу – Алили, деканка на Факултетот за современи општествени науки и Јоана Косма, директорка на ИФЕС во Северна Македонија.

Во главниот панел, д-р Сем Пауер, експерт за политичко и партиско финансирање и Владимир Георгиев, експерт за антикорупција и поранешен член на ДКСК, ги споделија своите анализи за актуелните предизвици и механизмите за зголемување на транспарентноста во политичкото рекламирање на онлајн медиумите.

Оваа тркалезна маса беше организирана во рамките на проектот „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство и поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Google+